Зголемен интензитет на активностите на политичките партии, независните кандидати, но и на Државната изборна комисија (ДИК) се забележува на крајот на август во пресрет на локалните избори закажани за 17 октомври.
Синоќа на полноќ заврши собирањето потписи за независни кандидатури. Денеска треба да се знае колкумина собрале потписи и ќе се подготвуваат да поднесат кандидатури. Во вчерашниот извештај на ДИК беше наведено дека до вчера 21 независен кандидат за градоначалник ги собрале потребните потписи, како и 42 групи избирачи за советнички листи.
Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија потребните потписи, продолжуваат да ги собираат 15 кандидати за градоначалници и 26 групи избирачи за кадидатските листи за членови на оштинските совети.
Истовремено до 9 септември трае рокот за собирање потписи за проверка во Избирачкиот список. Заклучно со 29.08.2021 вкупно 8791 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 18 барања за запишување во Избирачкиот список, 15 барања за бришење на податоците од избирачкиот список и девет барања за измена на податоците во Избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК.
Во Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected], исто така, се поднесени вкупно 25П барања.
Во меѓувреме партиите продолжуваат да објавуваат имиња на нивните кандидати за градоначалници. ВМРО-ДПМНЕ, подржаа десет кандидатури за градоначалници за следните локални избори, меѓу кои и на кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, Мицкоски. Левица исто така најави дека како партија на претстојните избори ќе му дадат поддршка на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски Камиказа. а на локалните избори ќе учествуваат со максимум десет кандидати за градоначалници и четириесеттина советнички листи.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на СДСМ и актуелен градоначалник Петре Шилегов очекува сериозна поддршка од скопјани поради посветеноста и сработеното.
Шилегов нагласи дека се работело и во услови на пандемија со Ковид-19 и досега се реализирани повеќе проекти – четири нови булевари, еден мост е завршен, а втор започнат, се работи главната сообраќајна клучка на Момин Поток и најави дека денеска ја започнуваат на булевар „Словенија“.