• Latest
ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

Интерпелацијата на претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска на пленарна седница

September 3, 2024

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Интерпелацијата на претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска на пленарна седница

September 3, 2024 08:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прва пленарна седница по одморот на пратениците треба да биде разгледана интерпелацијата на претседателот на Собранието Африм Гаши, за прв пат во овој парламентарен состав.

Интерпелацијата е поднесена од пратеничката група на Левица, а според распоредот на силите и најавите кој како ќе гласа,, поддршка ќе даде опозициската СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ и коалициониот партнер „Вреди“ нема да дадат поддршка, додека од ДУИ нема прецизен одговор. Неофицијално интегративците на Ахмети на почетокот на седницата ќе го искажат ставот зошто и што му забележуваат на Гаши и ќе ја напуштат собраниската без да гласаат,со што се мали шансите интерпелацијата да добие мнозинство.

Интерпелацијата, Левица ја засноваа на 7 точки во 10 страници каде според нив собранискиот спикер работел нестручно, неуставно и неделовнички, но и како што наведуваат ја повредил секуларноста на државата бидејќи дозволил извршување на верски обреди на една од седниците на комисиите . Во забелешките е наведен и случајот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром за што Гаши исто така посочи пак дека реагирал со цел да избегне инцидент а останатите прашања повторно ги адресираше на МВР. Според Левица, Гаши како претседател на Законодавниот дом направил и повреда на употребата на македонскиот јазик затоа што заклетвата, како веќе избран претседател прво ја дал на албански, а не на македонски јазик. Во интерепалцијата е наведено дека спикерот го злоупотребил и Законот за државни симболи .

Опозицијата ќе ја искористи можноста и да говори за скандалот со сватовите и свадбата на Косово.

Интерпелација е регулирана во Деловникот на Собранието. Право да ја образложи интерпелацијата на седница на Собранието има еден од пратениците што ја поднеле интерпелацијата, во траење од 20 минути, додека субјектот на кого му е поставена интерпелацијата има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација, во траење од 20 минути.

Претресот по интерпелацијата трае еден работен ден до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24,00 часот.

За да биде разрешен функционер потребна е поддршка од 61 пратеник.

Во изјава за телевизија „Сител“ дадена вчера Гаши рече дека би сакал секој пратеник да гласа и да одлучи по свое сопствено убедување.

– Интерпелацијата е демократска алатка што ни овозможува да даваме отчет пред пратениците и пред граѓаните. Ќе ја почитувам секоја одлука што ќе ја донесе Собранието. Убаво е сите да имаме различни мислења и токму тоа е суштината на демократијата, а би било лошо да има едноумие, систем што го поминале. Среќен сум што има интерпелација за да објасниме некои работи што и беа претставени на јавноста. Ќе образложам се како што било и се надевам дека пратениците ќе одлучат според нивната совест. Имам мирна душа и чиста совест дека со ништо не сум предизвикал таква хистерија во јавноста. Во интерпелацијата во суштина нема ништо дека се прекршени принципите во работењето на Собранието или дека се скратени права на некој пратеник или пратеничка група, туку е за тривијални теми за некои медиуми кои сакаат лајкови и коментари на социјалните мрежи, рече Гаши.

Д. Мишев

Tags: Африм ГашиинтерпелацијаПретседател на Собрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ