• Latest

Интервју со премиерката

November 15, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Интервју со премиерката

November 15, 2018 11:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите сличности се ненамерни.
Ова е само сон.

 Уморен сум. Ми се спие. Доцна е веќе. Бев на промоција во МКЦ за да договориме детали со Филип и Ѕвеки околу драматизацијата која треба да ја правам според книгата на Ѕвездан Георгиевски „Седум денови во животот и смртта на Гроздан“. Заспивам во дневната со вклучен телевизор и наместен аларм за 5 часот.

Војо Цветановски

За многу кратко влегувам во сонот.

Се наоѓам во фоајето на некој ултра луксузен хотел, каде, како и да се завртиш има телевизори на кои штотуку треба да започне интервју со некоја си премиерка, на некоја си држава, од која таа побегнала од органите на прогонот и бара азил во некоја друга држава. Побегнала заради минимум десет корупциски скандали. Во фоајето на хотелот свири прекрасната класика создадена од маестралниот Франц Лист.

Седнувам на супер скапа фотелја во средината на фоајето, на уште по – супер скапа маса. Златна е. На масата на која седам има и други луѓе, кои не ги познавам. Пушат пури, пијат коњак и зборуваат на некој чуден јазик. Келнерката ми носи коњак и мене, не го порачав, но, како да знае дека тоа ми е омилениот пијалак и секогаш го пијам кога одам да преседнам во некој скап хотел. (Никогаш – никаде). Фоајето е преполно. Сите чекаат да почне интервјуто со премиерката. Интервјуто почнува. Прекрасно уредно студио, убава новинарка, остро делува уште во најавата. Интервјуто е on line. Новинарката е во студио, гостинката е на монитор. Не се знае каде е точно. Ќе биде добро за гледање ова, си велам. Се обраќа новинарката на аудиториумот:

– Добровечер почитувани гледачи, вие сте … –

Одненадеж снемува струја. Во цел центар на градот. Настанува општа хистерија во фоајето. Сите го чекаа ова интервјуво. Луѓето почнаа да негодуваат. Цели два часа центарот на градот, под кој поминува огромна река, не знам како се вика градов, остана без струја. Ние сите останавме во фоајето, чекајќи ја струјата. Сè и сешто можеше да се чуе како досетка од гостите. Некој дури и рече: „ко некој намерно да ја исклучи струјата, ко да не треба нешто да чуеме“. По два часа струјата се врати. Настана громогласен аплауз во фоајето. Се врати и сликата на телевизорите. Новинарката стои во крупен план и вели:

– Тоа беше интервјуто со премиерката. Пријатно драги гледачи, каде и да сте.

За жал јас не и го видов лицето на премиерката. Не успеав, заради недостаток на електричната енергија во центарот на градот. Сите се разотидоа. Останав сам во фоајето. Бев многу разочаран. Испив многу коњаци. Останав тука да го чекам изгрејсонцето. Изгрејсонцето стигна рано утрото. Заедно со изгрејсонцето во фоајето влезе и новинарката која ја интервјуираше премиерката. И’ приоѓам.

– Здраво. – велам.

– Здраво. возвраќа.

– А бе знаеш, вчера снема струја, додека го правеше интервјуто, па не успеав да го гледам. Настана и хаос тука во фоајево заради тоа, а имаше над петстотини луѓе кои со душа го чекаа ова интервју. Јас морам да одам за Скопје, што значи дека нема да можам да ја гледам репризата на интервјуто.

Се помирив со тоа, ОК. Туку, да те замолам ако можеш по мејл да ми ги пратиш прашањата што и’ ги постави многу ме интересира во која насока си го водела интервјуто.

– Нема гајле, бе. – ми вели новинарката како да се знаеме цел живот. – Нема потреба на мејл. Ги имам тука во торбава запишани на лист. Чекај сега. – од торбата го вади листот со прашањата, ми го подава и брзо заминува.

– Морам да одам, извини – рече пред целосно да ми исчезне од видикот.

Го држам листот во рака. Каква привилегија, си велам. Седнувам на истата фотелја на која што седев цела вечер, го ставам листот на маса и порачувам кафе. Го земам листот во рака и почнувам да читам ги прашањата кои новинарката и ги поставила на премиерката во синоќешното интервју:

  • Дали сте уште во градот покрај убавиот син Дунав и какво е времето деновиве во Јужна Америка. Пецате ли?
  • Знам дека имавте желба да студирате филмска режија. Се чувствувате ли денес успешна во улогата на некој измислен филмски карактер. Ова намерно го говорам бидејќи како кулминација на вашата „извонредна“ кариера, во улога на маж успешно го преминавте граничниот премин на оваа држава, место кое е филтерот за влез во ЕУ и каде не смееш ни да помислиш да имаш три кутии цигари, а не па да поминеш со лажен пол? За тоа ви честитам. Браво. Многумина актери би сакале да се толку успешни во сопствениот сценски израз на театарската и филмската сцена, токму така како што ви успеа вам.-
  • Виновна ли сте или Ве наместија? Мене можете слободно да ми кажете, јас нема никому да Ве издадам, иако сево ова се снима и се гледа. Бидете без грижа, ќе кажеме дека не е така како што сите гледаат дека е.
  • Колку е најако чувството да прислушуваш 36 000 луѓе секој ден и само тоа да го правиш 24/7 со години и при тоа да знаеш дека можеш да ги уништиш кога сакаш, а некои од нив и ги уништуваш, онака, до степен да им тече низ ногавици?
  • Смешно ли ви е сево ова?
  • Доколку се наложи сега да треба да го смените личниот идентитет и вашето лично име, ќе го смените ли за да се спасите себеси?
  • Како се справувате со …

И одеднаш почнува да ѕвони алармот. 5 часот е, наутро. Станувам брзо. Морам да почнам да работам на драматизација на книгата на Ѕвездан Георгиевски на која сакам да и’ го сменам името. Се надевам дека Филип и Ѕвездан нема да се налутат за тоа. Идентитетот нема да и’ го сменам, ќе остане ист, како и јазикот во неа. Македонски.

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Share27TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ