• Latest

Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот

December 3, 2024

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот

December 3, 2024 15:36
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Се одржа вонредната седница на Собранието на Град Нови Сад на која беше одбиен предлогот на опозицијата за разрешување на градоначалникот Милан Ѓуриќ поради трагедијата на Железничката станица. Веднаш по почетокот на седницата имаше неколку инциденти, а во еден момент пред градското собрание се собраа граѓани кои се обидоа да влезат на седницата, јави дописникот на МИА од Белград.

Предлогот за разрешување на Ѓуриќ поднесоа 30 советници на новосадската опозиција бидејќи сметаат дека и тој треба да сноси политичка и морална одговорност за падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повреден.

Почетокот на седницата го одбележаа меѓусебните обвинувања меѓу власта и опозицијата.

-Трагедијата на железничката станица е резултат на катастрофалното управување со градот, каде што се гради без дозволи или се издаваат дозволи без институции. Наместо да го разбере барањето на граѓаните, Милан Ѓуриќ протестите ги оцени како вандализам. Покажа длабоко непочитување кон граѓаните. Власта предводена од СНС на чело со Ѓуриќ на мирните протести одговори со испраќање тепачи кои намерно ги провоцираа граѓаните. Напаѓани се средношколците, а професорите се изложени на мобинг, рече одборникот на „Крени-промени“ Стеван Бабиќ.

Тој додаде дека е скандалозно што човекот назначен од Градското собрание за директор на јавно претпријатие е означен како член на криминален картел за продажба на кокаин.

На крајот од дискусијата пред присутните во салата на Градското собрание се обрати градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

-Би сакал да свртам внимание на она што се случува додека ние овде дебатираме, а тоа го најавивме – вашата намера е насилно да влезете во Градското собрание, а потоа насилно да ја преземете власта. Не можете да дојдете на власт како што мислевте. Граѓаните не го заслужија ова, ниту тие што не избраа нас и вас. Но, вие го знаете само патот на улицата. И јас се уште тврдам дека власта може да се добие само преку избори, рече Ѓуриќ.

За разрешување на Ѓуриќ гласаа 25 советници, а 48 беа против. Владеачкото мнозинство со аплауз ја поздрави одлуката. На сред гласањето имаше туркање и напната атмосфера.

За време на дебатата, граѓани и активисти се обидоа да влезат во градското собрание, кога дојде до туркање и судир со силни полициски сили. Медиумите јавуваат дека најмалку едно лице е повредено, а потоа и приведено од полицијата.

Граѓаните се собраа пред Градското собрание токму во моментот на падот на настрешницата во 11 часот и 52 минути, ја блокираа улицата пред собранието и со својата заглушувачка врева ја спречуваа советничката расправа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ