• Latest

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

Украинците ќе бидат благодарни доколку Македонците најдат можност да ѝ помогнат на Украина да ја преживее оваа зима под секојдневните руски напади.

October 16, 2025 14:04
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter
 

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Повеќе од три години по почетокот на целосната инвазија на Руската Федерација врз Украина (1331 дена), енергетскиот систем на Украина и понатаму се наоѓа во самото срце на бојното поле. Електричните централи, трафостаниците, гасоводите и постројките за производство на топлинска енергија станаа главни цели во војна која не се стреми само кон заземање територија, туку и кон тоа да ги потопи украинските заедници во темнина и студ.

Од првите денови на војната, енергетската инфраструктура беше систематски цел на напади. Стотици напади ја уништија критичната енергетска инфраструктура, а окупаторските сили зазедоа и уништија објекти со вкупен производствен капацитет од 18 GW. Само во текот на 2024 г., руските напади оштетија или уништија 10 GW производствени капацитети. Благодарение на Фондот за енергетска поддршка и на меѓународните партнери, околу 5 GW (50%) беа обновени. Сепак, 2025 г. донесе уште поинтензивен бран руски напади врз украинската енергетска инфраструктура.

Годината 2025 донесе нов бран ескалација. Од јануари, Украина регистрираше 237 масовни напади врз својата електроенергетска инфраструктура. Дури и по објавата на т.н. „примирје“ за нападите врз енергетската инфраструктура на 25 март, не дојде до прекин: украинските власти документираа 3.734 инциденти. Од нив, повеќе од 3.400 беа насочени кон електричните постројки, 278 кон гасната инфраструктура, а 28 кон рудниците за јаглен (податоци до 5 октомври 2025 г.). Најтешките оштетувања се концентрирани во Сумска, Харкивска, Чернигивска и Днипропетровска област, каде што населението живее под постојана закана од прекини на струја и уништување.

Ситуацијата стана особено критична со приближувањето на грејната сезона. Само во август и септември беа регистрирани 140 напади. Повеќе од една четвртина беа насочени кон дистрибутивните системски оператори, една третина кон преносната мрежа на „Укренерго“, а преостанатите 40% беа поделени меѓу инфраструктурата на „Укрзалізниця“ и постројките за производство на електрична и топлинска енергија. Речиси половина од сите напади беа насочени кон трафостаниците на „Укренерго“ со напон од 330 до 750 kV во Сумска и Чернигивска област. На 8 септември, Трипилската термоцентрала на „Центренерго“ претрпе масовни оштетувања откако 19 дронови го погодија објектот и предизвикаа сериозен прекин на производството на електрична енергија. Помалку од еден месец подоцна, на 3 октомври, беше силно погодена и Краматорската комбинирана топлана, со големи оштетувања.

Овие податоци не ги вклучуваат загубите поврзани со окупацијата на Запорижската нуклеарна централа и уништувањето на браната Каховка, кои оставија длабоки последици врз енергетскиот систем на Украина.

Гасниот сектор исто така е под жесток напад. Од почетокот на годината, руските сили ги засилија нападите врз постројките за производство на природен гас. На 3 октомври беше извршен масовен комбиниран напад со ракети и дронови врз гасните производствени постројки во Харкивска и Полтавска област, при што беше нанесена голема штета. Повеќе компании, не само „Нафтогаз“, пријавија значителни уништувања и загуби. Според првичните проценки, околу 60% од производството на гас е изгубено. Компјутерските станици на операторот на гасниот преносен систем на Украина, кои се директно поврзани со производството, исто така беа сериозно оштетени.

И покрај постојаното гранатирање, итните ремонтни екипи продолжуваат да работат непрекинато на обновување на оштетената опрема и стабилизирање на енергетскиот систем. Интензитетот на нападите во последниот месец значително се зголеми, предизвикувајќи нови оштетувања врз енергетската инфраструктура. Во моментов се изведуваат активности за обнова на уништените капацитети, но потребите на енергетските компании секојдневно растат.

Проценетата вкупна вредност на потребната опрема и материјали за обновување изнесува приближно 758 милиони евра, од кои 209 милиони се наменети за производствени постројки, 97 милиони за инфраструктура за пренос на електрична енергија, и 88 милиони за дистрибутивните мрежи.

Стабилното енергетско снабдување претставува основа на секое функционално општество. Тоа ги одржува во работа болниците и училиштата, обезбедува вода и топлина и ја поттикнува украинската индустрија.

Украина не ја води оваа борба сама. Благодарение на солидарноста на нашите меѓународни партнери, дел од изгубеното веќе е обновено. Но патот пред нас е долг и тежок, и секој придонес — било во форма на опрема, финансиска помош или технолошка експертиза — прави вистинска разлика.

Меѓу најитните потреби на енергетскиот сектор се активни и пасивни системи за заштита, високонапонска опрема, решенија за децентрализирано производство и резервно напојување, како и технологии за складирање на енергија.

Денес поддршката од светот е поважна од кога било. Секој испорачан трансформатор, секој дониран генератор и секое споделено технолошко решение помага да се заштитат милиони украински семејства од студот и темнината што непријателот се обидува да ги наметне.

Заедно можеме отпорноста да ја претвориме во сила и да обезбедиме енергетскиот систем на Украина, исто како и украинскиот народ, да продолжи цврсто да стои.

Украинците ќе бидат благодарни доколку Македонците најдат можност да ѝ помогнат на Украина да ја преживее оваа зима под секојдневните руски напади.

М. Д.


Фотографските материјали се добиени од Амбасадата на Украина во Северна Македонија

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ