• Latest
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025 14:05
in АКЦЕНТ, ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025 Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Прашањето за клиентелизмот е значајно прашање, и би го лоцирал повеќе во некој домен на причини за уназадување на демократијата. Тоа што можам да кажам е дека нема политичка партија, од овие поголемите, која е невина. Сите поголеми партии, па дури и во овој момент, имаат силни клиентелистички патронажни мрежи, и овие мрежи имаат свои очекувања. Така што, клиентелизмот е сериозен предизвик, вели Тони Поповски, политиколог, архитект, поранешен министер за животна средина, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – „Демократско назадување: Импликации и последици“.

Тоа бара да имаме поинакви политички партии, а јас како љубител на метрика и индикатори, се сеќавам на еден податок дека по глава на жител, нашите политички партии имаат – на европско ниво највеќе регистрирани членови.

И тоа е доста симптоматично и карактеристично за нас. Кој е тој обем на симпатизери и членови, кои можеби и не се поврзуваат толку идеолошки со партиите, туку се поврзуваат за остварување на личен интерес , јас сум повеќе наклонет да верувам дека е ова второто.

Ние создадовме општество на можности, за да можеме да понудиме алтернатива на она што го сервисираат политичките партии. И тоа, меѓу други причини, ги создава овие наши проблеми и предизвици.

Мислам дека во однос на уназадувањето на демократијата , моја препорака е да бидеме посериозни во смисла која метрика, кој индикатори па и композитни индекси ги користиме. Тие најдобро ќе опишат дали ние имаме уназадена демократија. Така можат да се извлечат и споредби со регионот, Европа и западот.

Она што за мене, во овој последен период  предизвикува посебен интерес, се причините за ова уназадување. Неодамнешни анкетни истражувања околу причините за уназадување на демократијата, конкретно во Обединетото Кралство, укажуваат на едно поместување на она што укажува на очекување на избирачите. Тие го нарекуваат транзиција од натпревар за испорака на услуги, во натпревар за емоционална сатисфакција, што е поврзано со гневот, вели Поповски.

Кога зборуваме за емоции кои ги придвижуваат овие процеси, и кај нас и во регионот, во Европа и во САД, во нивната позадина е – како политичките субјекти го артикулираат гневот или бесот кај избирачите. И ќе признаеме дека крајната десница, но и крајната левица, подобро се снаоѓаат. Тие се вешти на поставување на сценографија во тој театар, или спектакл на емоции, додека другите, оние кои би требало да бидат некаква алтернатива, очигледно не се снаоѓаат.

Поповски посочи и на политичката култура, односно индикаторот во кој не сме качени повеќе од  3,2, од 10. Што е вознемирувачки.

Индикаторот за политичка култура, е еден од десетте индикатори кои го формираат композитниот индекс за степенот на демократија. Тој индикатор нас не влече надолу во тоа рангирање, и осцилираме помеѓу хибриден режим и демократија со недостатоци, укажува Поповски меѓу другото.

Ние сакаме да ја заштитиме демократијата, но треба да бидеме реални, дека можеме да успееме во тоа, доколку мнозинството од граѓаните се демократи. А овој индекс, покажува дека тоа не е случај кај нас, вели Поповски.

 

Д. Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија:  Б. Јордановска / ЦИВИЛ


Панелот е дел од меѓународната конференција “Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, како дел од проектот „Демократски навигатор“, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ