Северна Македонија има импресивни резултати според Индексот на перформанси на странски директни инвестиции (СДИ) за 2022 година на Investment Monitor.
Индексот ги мери нивоата на внатрешни инвестиции на земјата во однос на нејзиниот бруто домашен производ (БДП) користејќи ја базата на податоци за проекти за СДИ на GlobalData, која ги следи гринфилд проектите. Ова значи дека Северна Македонија, со оценка од 11,5 добила 11 пати повеќе со оглед на влезните гринфилд странски директни инвестиции (СДИ), во споредба со она што може да се очекува имајќи го предвид нејзиното ниво на БДП.
Во тој поглед, се посочува во анализата на Инвестмент монитор, на Северна Македонија и оди исклучително добро во однос на СДИ. Внатрешните СДИ во Северна Македонија забележаа мал пад во 2020 година, при што бројот на проекти се намали од шест во 2019 година на четири, што во голема мера се припишува на пандемијата „Ковид-19“. Сепак, 28-те проекти кои земјата ги донесе во 2021 година покажале спектакуларно враќање во форма.
Со седум проекти, обновливите извори на енергија беа водечки сектор за влезни СДИ за Северна Македонија во 2021 година. Ова претставува нагло зголемување од единствениот проект забележан во 2020 година (а ниту еден не беше забележан во 2019 година). Од седумте проекти за обновлива енергија регистрирани во 2021 година, пет беа во фотоволтаична сончева енергија, а другите два беа инвестиции на копнена енергија од ветер.
Секторот за автомобили и софтвер и ИТ-услуги се рангирани заедно на второто место, секој со шест инвестиции. Ова значи дека првите три сектори учествувале со 68 проценти од сите влезни СДИ за Северна Македонија во 2021 година, додека преостанатиот удел на пазарот го сочинуваа седум други сектори, вклучувајќи пластика, логистика и електроника.
Германија, се посочува, е водечка земја извор за СДИ во Северна Македонија во 2021 година, инвестирајќи во четири проекти. Три од четирите проекти за СДИ направени од компании со седиште во Германија беа во автомобилскиот сектор, додека четвртата беше инвестиција за обновливи извори на енергија.
Во однос на типовите на проекти, речиси 90 отсто од инвестициите на Северна Македонија потекнуваат од нови проекти за СДИ, додека останатите 10 проценти се од инвестиции за проширување. Околу 79 отсто од СДИ во Северна Македонија во 2021 година беа нови проекти, што покажува дека земјата е значително над глобалниот просек кога станува збор за привлекување гринфилд СДИ.