• Latest
Фото: Дехран Муратов/ ЦивилМедиа

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ЕВН без транспарентен одговор за сомнежот во точноста за формирањето на цените на струјата

May 28, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ЕВН без транспарентен одговор за сомнежот во точноста за формирањето на цените на струјата

May 28, 2025 10:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Дехран Муратов/ ЦивилМедиа

Фото: Дехран Муратов/ ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија од 17 ноември 2023 година, ЕВН Хоме, како универзален снабдувач, има обврска да изготвува предлог-одлуки и конечни одлуки за продажните цени на електричната енергија за домаќинствата, велат од ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Во рамките на оваа надлежност, ЕВН донесе две одлуки: првата на 27 јуни 2024 година, а втората на 20 декември 2024 година, со која се утврдени цените на струјата за 2024 и 2025 година. Анализирајќи ги објавените податоци, особено оние што се однесуваат на малите потрошувачи, забележавме сериозни несогласувања и неточности што не можевме да ги игнорираме. Се посомневавме во точноста на цените за евтината тарифа и четирите блока на скапата струја, кои директно ги засегаат домаќинствата и малите потрошувачи.

Со цел да добиеме јасна и детална слика за начинот на кој се формираат цените, на 21 мај 2025 година поднесовме официјално барање до ЕВН Хоме. Побаравме целосна документација врз основа на која се донесени цените, согласно Тарифниот систем. Дополнително, побаравме и линкови до предлог-одлуките, кои, според прописите, ЕВН е должна да ги објави за да овозможи јавна расправа и прибирање мислења пред донесување на конечна одлука. Според Тарифниот систем, рокот за поднесување мислења од јавноста изнесува пет дена.

Особено нè интересираше како е добиена пресметковната цена од 15,1845 денари за kWh за категоријата мали потрошувачи. Таа цена, според ЕВН, произлегува од просечната утврдена цена од 4,6244 денари и коефициент од 0,8296. Меѓутоа, производот на овие вредности математички не кореспондира со дадената тарифа. Затоа побаравме и објаснување за методологијата и формулите користени при пресметките на четирите високи и ниската тарифа во оваа категорија.

Наместо конкретен, транспарентен и сеопфатен одговор, добивме формален допис со кој сме упатени кон Регулаторната комисија за енергетика. Не добивме ниту еден документ, прилог или линк, ниту, пак, одговори на суштинските прашања за формулите и методологијата. Со тоа, ЕВН Хоме не го исполни минимумот на очекувана отчетност и транспарентност.

Ваквиот одговор на ЕВН е приказ на  недостапноста и неразбирливоста на податоците што ја одредуваат цената на струјата. Тарифите не се само техничка пресметка туку тие директно влијаат врз семејните буџети на граѓаните. Оттаму, јавниот интерес за транспарентност и отчетност мора да биде на прво место

Ние ќе продолжиме да инсистираме изготвувањето на одлуката за цените на електричната енергија за домаќинствата повторно да се врати под надлежност на Регулаторната комисија за енергетика. Сметаме дека оваа обврска не смее да ѝ биде доверена на Универзалниот снабдувач – ЕВН Хоме – кој, за разлика од РКЕ, има директен комерцијален интерес цената на струјата да биде што е можно повисока.

Дополнително, потсетуваме дека РКЕ е независна регулаторна институција која до 2023 година самостојно ја утврдуваше цената за електрична енергија за домаќинствата. До ден-денес не е дадена ниту една валидна аргументација зошто ова клучно право ѝ е одземено и префрлено кај субјект кој е директно финансиски заинтересиран, соопштуваат ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ