Двајца малолетници се нападнати кај автобуската постојка под Железничката станица во Скопје, од група други малоленици. Синоќа, неколку часа по инцидентот еден од родителите на нападнатите малоленици, З.Ф. (51) во полицијата пријавил дека неговиот син и уште еден од другарите биле нападнати додека чекале автобус.
Според таткото, првин групата се доближила до момчињата. Тепачката ја започнал еден малолетник, удирајќи го по главата едното, а потоа и другото момче. Како што соопшти МВР, младите насилници откако го предизвикале инцидентот, избегале во непознат правец.
А.П.