• Latest

Искоренувањето на тероризмот и омразата бара мотика, а не молитва!

December 20, 2016
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Искоренувањето на тероризмот и омразата бара мотика, а не молитва!

December 20, 2016 16:45
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Цирих, Берлин, Анкара…, пред тоа Алепо, летово Кабул, Минхен, Ница… Пред тоа, Истанбул, Орландо, Париз…, се само показатели и сигнали дека со човештвото денес сè повеќе владее омразата и глупоста, а дека тоа забрзано ита кон уште повеќе несреќа, жртви, војни…

petrit-saracini-500x500-1-1-200x200
Пишува: Петрит Сарачини

Тој пат нема да се спречи само со молитви за жртвите. Тој пат нема да се спречи ако христијаните ги обвинуваат муслиманите за теророт врз нив, и обратно. Тој пат нема да се спречи со малодушност од типот – „вчера те имаше за Анкара, кај си за денес за Орландо?”. И слични идиотштини, кои само им одат во прилог на оние кои ги прават гадостите. А ги прават не поради вера, идеологија, идеали, слобода, демократија… Тоа се само работите кои треба да ги џвака „народот”. Во заднината на овие „свети војни” не се крие ништо друго, туку глад за пари и моќ.

Оваа игра е возможно да престане само ако човештвото стане одеднаш, секаде – и во Америка, и во Русија, и во Кина и во Индија, и во Пакистан и во Британија, и во Африка и во Франција… Човештвото треба да стане секаде, во секоја држава, да си ги подбере разузданите политички, верски и бизнис елити. И да се избори за слобода. Одеднаш и секаде! Парцијалното станување никогаш нема да донесе резултат, затоа што злото се храни и помага меѓусебно.

Секако дека сме далеку од таква свесност кај поголемиот дел од човештвото. Што поблиску се луѓето до бруталната вистина, тоа се поблиску и до опасноста да бидат замолчени, привремено или засекогаш. Далеку е поверојатно злото, кое е во моментов поорганизирано, помоќно, секако повооружено и побогато, да надвладее и да продолжи да владее, со уште повеќе крв. При ваква состојба,  „природно“ е – луѓето, во замена за сигурност и живот, да се откажуваат од своите права и од слободата. Како што се учат децата во учебниците во Македонија…

Сепак, знаејќи ги овие работи, вреди човек да се бори, и да гледа малку подалеку од своите светогледи, често омеѓени од локалните потреби и непосредните опасности за него и за неговите верувања, за неговото семејство, народ, држава. Оти, кај нас, сè уште нема терористички напади. Но, ѕвечкањето со оружје, пукањето по улици, заканите со надгробни плочи, некролози, погребни венци и слични „весели“ работи, тепањето луѓе поради јавно изразен политички став или припадност, кршењето и палењето автомобили, штабови и канцеларии, стануваат секојдневие. Неказнето секојдневие.

Не знам дали се разбравме, но ете, да каже Младичот и нешто вака, поглобално, оти, го мачи тага и го боли кога гинат и страдаат невини луѓе секаде во светот и во неговата земја. А не е многу по молитвите, оти оваа нива за која муабети Младичот, бара мотика, а не молитва.

Tags: АлепоАнкараБерлинКабулМинхенНицатероризамчовекови права и слободи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ