• Latest

Искривено огледало

August 17, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Искривено огледало

или и боговите лично пред глупоста остануваат неми

August 17, 2020 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Секоја сличност со периодот од пред 19 години е сосема ненамерна, меѓутоа не и помалку реална.

Се уште сме заглавени во халата со искривени огледала.

Страшното е дека луѓето почнуваат да веруваат дека искривената слика во огледалата е реалноста и не се ни обидуваат да излезат надвор од халата.

Објавено во УТРИНСКИ, 15 мај 2001 година

Велат, човек на сè се навикнува и прилагодува. Велат, луѓето успеваат да преживеат во неверојатни услови и да се спојат со средината подобро од камелеони. Неверојатно жилави живинчиња.

Од овој аспект, многу е интересен синдромот на криви огледала (оние големи, деформирани огледала во кои сè изгледа несразмерно, извртено, променливо и фантастично).

Првата реакција на секој човек кој ќе погледне во нив е смеата. Има доза на непријатност, меѓутоа пред сè е смешно и забавно. Во нив убавото станува гротескно и изобличено до непрепознавање, а гротеската станува совршена креација. Кога одиш налево тие тргаат надесно, а она горе доаѓа под твоите нозе. Возбудливо.

Во вториот момент луѓето се обидуваат да ги препознаат контурите на реалноста во нереалниот приказ пред себе (препознаваат делови од своето тело, предмети, движења, односи меѓу различни прикази). Често грешат. Ама е смешно.

По подолг престој во ваква средина, вообичаено луѓето се приспособуваат. Како и на сè друго во животот. Изобличувањето станува нормално, а лагата станува вистина. Луѓето го приспособуваат држењето на телото, изразот на фацата и пред сè своето однесување, на искривениот одраз што ги следи. За да можат да опстанат.

По длабоки и опстојни анализи, вкрстување на сознанијата на различни луѓе и собирање на сеќавањата за минатото, дојдов до заклучок дека веќе подолго време сме заглавиле во некоја панаѓурска хала со криви огледала.

Сите индикатори укажуваат на ова: и тоа дека секој од нас има сопствена искривена слика за нештата, и тоа дека не можеме да воспоставиме трајни меѓусебни релации (бидејќи сме постојани жртви на илузиите создадени од играта на светлината), и тоа дека луѓето кои доаѓаат однадвор или се смеат или нè доживуваат како чудовишта.

Откако го прифатив ова сознание, многу полесно ми е да сфатам што се случува околу мене, да насетам кои се вистинските движења зад разбрануваните бои и да ги  препознам некои од луѓето околу мене (барем во главни црти) и вистинските лица на некои други (делумно).

Сега можам, без грчеви во стомакот, да ја прифатам изјавата на групата луѓе кои се мрешкаат некаде на врвот дека цело време  работат во корист на граѓаните и дека доброто на граѓаните е прва мисла со која се будат рано наутро (на пладне) и заспиваат доцна навечер (в зори). Нема ништо зачудувачко. Тие се во право. Во собата со искривени огледала.

Погледнато во искривеното огледало, сплеткарењето, лажењето, изигрувањето на законот, безочната лакомост и бескрупулозност, стануваат карактеристики на доблеста и на пожртвуваноста. Посебно убав одраз добиваат глупоста и незнаењето. Се прелеваат во виножито од слаткоречиви фрази и жуборат во играта на сенките. Величествено.

Сега ми е сосема прифатливо тоа дека двајца тетовци (В.Х. и Ф.А) се осудени на казна затвор од три години за кражба на 300 германски марки (по брза и  професионална интервенција на тетовската полиција која ги оневозможи ограбувачите да уживаат  во раскош и распуштеност до крајот на својот живот), а не се фатени и осудени македонските граѓани (Л.Б., Б.Ц., М.Т., В. Џ., И.И., Љ.П., С.К., В.Т., Љ.Ф., П.Т., Н.З, Б.И., Џ.Н., ..) и оние без иницијали (бидејќи полицијата со сета своја професионалност не успеала да стигне ни до нивните иницијали, за: кражби на стотици милиони германски марки, за учество во трговија со дрога и оружје, за овозможување на трговијата со жени, за уништување на економијата на цела една земја, за криминално отпуштање на илјадници работници, за предизвикување национална и верска омраза и нетрпение, за прекршување на Уставот и за соучесништво – поддржување и затскривање криминални фактори кои го кршат и Уставот и законите и сè што ќе им дојде до рака.

Вака станува сосема јасно како можеше да се случи во услови на прогласена секуларна држава, власта и црквата да станат така блиски што црквата станува гласноговорник на државата, трезор во кој криминалците ги кријат своите пари, главна пералница на нечистите пари и дел од големиот (оној многу големиот) криминал кој ја задушува земјава. Во светот црквите добиваат подароци, само вообичаено е да се подаруваат свои, а не туѓи работи, посебно во услови кога оние кои вградиле дел од својот труд во подареното нешто, седат исфрлени на улица без егзистенција (и без подарок).

Во халата на искривени огледала е сосема нормално да бидат ослободени десетици манастири од плаќање струја (затоа што се толку бедни што не можат да го направат тоа), додека црквата во чија сопственост се тие може да даде бедни 1-2 милиона германски марки кеш на рака за купување објекти од посебно значење за верата (хотели, коцкарници и слични многу свети места). Единствено во халата со криви огледала може да се оправда изигрувањето на најдлабоката вера и доверба на граѓаните, и да се замижи на злоупотребата на светиот карактер на една таква институција.

Сега апсолутно можам да прифатам дека криминалците со пушки кои шараат по планињето претставуваат политички фактор во оваа земја и стојат на браникот на демократијата, човековите права и слободи и пред сè на правната држава. Несомнено е дека нивна света мисија е да се донесе таков устав кој ќе ги задоволи потребите и интересите на граѓаните, и такви закони кои ќе се развиваат и надградуваат на најдемократски начин (со пиштол вперен во слепоочница, наваму натаму поставени нагазни мини, по некој проектил добро насочен на правото место, малку здрав страв во коските на населението и упорно влечење надолу на скалилата на цивилизацијата).

И сосема разбирлива станува изјавата на премиерот дека правиме сè што е во наша сила тие исти криминалци да исчезнат од нашата територија. Господинот премиер не го елаборираше посебно начинот на кој ќе се изведе чинот на исчезнување, меѓутоа, имајќи го предвид нашето досегашно искуство со магиите направени од страна на различни челници и во различни периоди (да се потсетиме на прекрасните претстави на исчезнување на видни криминалци кои на необјаснив начин се појавија во некои амбасади и конзуларни претставништва низ  светот, и трансформацијата на некои легенди на криминалот во видни политичари и политички лидери), верувам дека и ова ќе успее во волшебната соба со искривени огледала. Глупо е, нели, да се заробат, изведат пред суд и казнат, доколку можат едноставно да исчезнат како лош сон?

Ова е одговор и на прашањето: како е возможно во услови на најголема криза во државата, во услови кога гинат луѓе и сè се распаѓа во громогласниот татнеж на тешката артилерија, нашите видни политичари денови и денови да разговараат кој која фотелја ќе ја добие, да плачат и да молат за секое директорско местенце и да ползат наоколу обезличени од желбата за власт, моќ, поголеми можности за кршење на законите.

На овој начин, конечно ни станува видлива огромната жртва која за безбедноста на државата и благосостојбата на нејзините граѓани, цврсто, машки ја прифати министерот за надворешни работи, со тоа што по седум години поминати како амбасадор во Германија и неколкумесечно министерување, благородно се согласи да биде амбасадор во ООН (што сите ние трогнати до солзи и со растреперени срца му се колнеме дека од неговиот пат нема да ‘скршнеме’).

Одразот на ѓаволот во искривените огледала има светол ореол над главата и големи бели крилjа на грбот. Го издава само смрдеата што почнува да ги задушува сите заложници на салата со искривени огледала.

Со неколку брзи мутации, најверојатно, ќе успееме да преживееме и во овие услови, меѓутоа, сè потешко станува да се најде излезот надвор, во убавината на реалниот свет. Доколку нема јасни патокази или водич, човек може во бескрај да се врти во круг, безнадежно заглавен во карикатурата на сопственото постоење.

 

Share39Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ