• Latest
Војо Маневски

Искушение, вера, надеж

January 6, 2021

24 ЧАСА: Јовановиќ „потврди“ – Македонија е на четврто место во Европа, ама одзади; Ден на сеќавање на украинските деца; Геноцидот продолжува – затворени центрите за помош во Газа

June 4, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Од сојузници до непријатели: Арсовска и Мицкоски во жесток судир пред избори

June 4, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали сте за една изборна единица?

June 4, 2025
Фото: Скриншот СР24

Маск го нарече даночниот закон на Трамп „одвратна гнасотија“

June 4, 2025

Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

June 4, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Украина е поканета на Самитот на НАТО, но нема формално ветување за влез во Алијансата

June 4, 2025
Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Нови дилеми – Една ИЕ жежок костен за политичката елита!

June 4, 2025

Европската Унија додели 50 милиони евра за вработување на млади во Албанија

June 4, 2025

„Европски фронт“ поднесе интерпелација за претседателот на Уставен суд Костадиновски, поради прекршување на Законот за употреба на јазиците

June 4, 2025
Фото/, Х на унраинската амбасадорка Лариса Дир

Амбасадорката Дир: На 4 јуни оддаваме почит на децата чии млади животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот

June 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Искушение, вера, надеж

January 6, 2021 12:11
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Верба во нешто свето или божествено, како и морални системи, обичаи и институции поврзани со таа верба. Да се дефинира нешто што е составено од најсуштествените човечки чувства како што е надеж, страв, предаденост, навистина е тешко. Верата е таков поим што кога се обидуваш да го дефинираш наидуваш на сите човечки карактеристики.

Деновиве се празнуваат Божиќните празници, можност и покрај опасноста од болеста да се соберат семејствата, да се слушнат, да се потсетат на времињата кога се живееше на друг начин, со друг ритам. Можност да се врати надежта дека и оваа ќе помине и дека потоа имаме шанса да сме подобри луѓе, зошто болеста ни покажа дека сурово ги напаѓа и слабите и дебелите и богатите и сиромашните и пред неа и моќните се немоќни. А, тешки времиња имало и на испит се ставале сите вредности на кои луѓето  биле навикнати.

И за пример, повторно една приказна од нашиов Исток – Како баба Стојанка го спасила свети Архангел Михаил?

Тешка 1944 година, Македонија е администрирана од царството Бугарија. Низ светот се водат крвави борби. Сојузниците се веќе во Италија, а советскиот парен валјак се тркалаше кон германските граници. Вести од фронтовите се ретки, а погледите сѐ почесто се свртуваат кон црквата света Богородица и сѐ почесто ѝ се упатуваат молби. Баба Стојанка има два сина што администраторите ги испратиле во воените единици на царството да администрираат во Пиротскиот крај на Србија. Едниот како граничар, а другиот во коњаницата. Дека нешто администрирале таму, баба Стојанка не знаела, ама знаела дека носат пушки и патрони и дека таму се пука. А ни дома не е лесно. Леб има сѐ помалку, а туршијата привршува. Варени зелени сливи сѐ се почесто на масата за ручек. Ама секој си има свои потреби. Дедо Алекса од тутунот да откаже – не може. Уште од ланската берба има сокриено неколку  низи и навечер со острото ноже ги сечка и мота цигари. Додека имало од тетратките, што сега никој не ги отвора, некако се преживувало со пет-шест цигари дневно, ама кога писменоста се испуши, хартија ни за лек. Барем овие администраторите да донесоа некоја пишана казна, ама и тие како да претчувствуваат дека рокот на нивното администрирање истекува. Во предната соба со прозори што гледаат кон друмот, на варосаниот ѕид висеа слики на светци. Овде беа уште од Обзнаната, кога некои други администратори наредија секој куќа да има слика на светец и да се слави слава. Е, служба се служеше и дотогаш и именден, ама баш слава не се практикуваше. И сакал не сакал мораш да купиш слика на светец. Така, во собата имаше две такви слики со светец, но и со бел простор од двете страни дебел колку една добра цигара. Алекса неколку дена се подготвувал за диверзија и кога слушнал како тропнала портата, како знак дека Стојанка отишла по вода, откинал дел од хартијата и ја ставил во капата. Цигарата убаво смотана, димот сив како облаците, а од убавата хартија не се поткашлува – нирвана.

Секоја сличност со новата политика во Македонија околу одгледувањето на некои растенија што даваат можност за мотање цигара е сосема случајна.

Неколку пати Алекса откинувал парче хартија од сликата на светецот и очекувал Стојанка да го сотре со клетви, но ништо не преземала. Се осилил, па покрај белиот дел, почнал да откинува делчиња и од аурата на света Петка. Едно утро додека се спремал за завршниот удар кон одеждата на светицата, забележал дека свети Архангел го нема. Само трагот од сликата беше се оцртал на неваросуваниот ѕид уште откако синовите заминаа во војска. Стоел така неколку мига и без збор излегол во дворот. Неговата патека лесно се следела, зашто остатокот од неговата цигара чадела уште долго откако тој влегол низ црквената порта. Што на светците им се молел, за прекршокот што го имаше направено, запишано е во висините на божјето царство. Стојанка го гледала, како секој ден влегува во црквата, но си молчела. Таа видела уште првиот пат дека сликата е нагризана, но чекала дали ќе дојде до самата слика на света Петка или ќе се задржи на белите краеви. Кога почнала да страда аурата ги скрстила рацете и одмрморила три пати – Богородице дево. Ја симнала сликата на свети Архангел Михаил и ја ставила во ковчегот со рубата на девојчињата, таму тој никогаш нема да погледне. Маж не фаќа женски работи. Се помолила уште неколку пати пред света Патка на свој начин…

– Гледаш Мајко Света, како грешни ние, ја трпиме божјата волја. Вие светците подобро знаете зошто ни е вака. Алекса не спие со ноќи. Сé нешто чека абер од децата. Војна е, а тој еднаш поминал низ тој пекол. Ама машко е и не сака да каже ништо. Тутунот го пие од осумнаесеттата година, од фронтот кај Дојран. Му ја олеснува душата. И ти си мајка, света Петко и се разбираш. Нека прегрми ова небиднина и ќе најдам слика со кандило, каде секој ден ќе палам свеќа.

Сликата со свети Архангел ја сокрила и спасила зошто Михаил е голем и со него нема играње. Попот вели дека бил предводник на ангелите. Затоа подобро е со него да не се задеваме. И така баба Стојанка го спасила Архангел Михаил, а според нејзиното верување тој и вратил со тоа што нејзините синови се вратиле живи од Сремскиот фронт и завршните борби низ Македонија. Никогаш повеќе не администрирале некаде, туку со свои раце си ги подигале семејствата. Нејзиното знаење за верата било човечко и искрено. Во нејзиното поимање на верата светците имаат човечки лица и човечки особини.

Не сум сигурен дека по оваа вистинита приказна нешто може да се мудрува на темата вера и верување. Доаѓа христијанскиот празник Божиќ, симболот на раѓањето на новата надеж, победата на светлоста над темнината, надежта над безнадежноста. Теолозите секако имаат теолошки објаснувања во склад со веронауката. Науката бара сомнеж, преиспитување на теориите, правилата, законитостите, а верата бара предаденост кон убедувањата. А тие можат и да бидат погрешни зошто им даваме наши карактеристики на несовршени битија. Науката е во постојана потрага по нови правила. Верата бара постојано чистење на огледалото пред кое се огледуваме и од огледување го валкаме, па со време почнува да дава искривена слика.

Нема вера без почитување на другиот до нас, без почитување на неговите молитви кон истиот Бог на кој само различно му се клањаме. Вистинската вера бара од нас љубов, бара од нас да бидеме луѓе како лицето по кое сме создадени. Кон себе и сите околу нас. Како луѓе и оваа непогода ќе ја победиме како нелуѓе страдањето ќе го продолжиме.

И честит Божиќ, добри луѓе.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Божиќбугарска администрацијавтора светска војнасветци
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ