• Latest

Исмајлоска: Мицкоски пред неполна година велеше дека Отворен Балкан е добра иницијатива, а сега ја кочи правејќи се дека не и ја знаел суштината

September 29, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Исмајлоска: Мицкоски пред неполна година велеше дека Отворен Балкан е добра иницијатива, а сега ја кочи правејќи се дека не и ја знаел суштината

September 29, 2022 15:19
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мицкоски пред неполна година за српска Политика изјавуваше дека Отворен Балкан е добра можност за олеснета комуникација на земјите од регионот, а деновиве сосема спротивно се чуди како можеле да соработуваат две земји што не се граничат (Албанија и Србија) и дека немал информации за иницијативата, реагира во објава на Фејсбук Нора Исмајлоска Старова, Национална координаторка за регионална соработка и европски интеграции.

 

„Во меѓувреме, Отворен Балкан порасна, се отворија зелени ленти за брз проток на камиони на границите, се организираше врвен регионален Саем за вино, храна и туризам и се оформија кризни групи за помагање во снабдувањето со храна и енергија за што секојдневно известуваат медиумите, ама ете Мицкоски одлучил дека не е информиран и дека немало да даде поддршка за Отворен Балкан“, истакнува Исмајлоска Старова.

Таа вели дека намерата е очигледна, да се кочи и блокира.

„Со ратификација на договорите кои ги блокира, граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци“, нагласува Исмајлоска Старова.

Исмајлоска Старова набрајува информации за иницијативите и придобивките од Отворен Балкан, како што вели – Иницијативата со најголема поддршка од граѓаните на регионот

  1. Побрз проток на стоки преку признавање на авторизираните економски оператори и взаемното признавање на ветеринарните сертификати. Сигурно секој познава барем еден сопственик на компанија од многуте задоволни. Со ова овозможивме побрз проток на стоки. За уште подобри резултати потребна е ратификација на договорот кој е заглавен во Собрание.
  2. На Саемот за вино, храна и туризам 42 винарии, 3 дестилерии, 10тици производители на храна, дел од најдобрите македонски готвачи имаа можност за промоција на македонскиот квалитет. Имаа бројни состаноци кои носат потенцијал за извоз и нé направија горди со многу награди и пофалби кои ги добија.
  3. Бројките во туризмот растат. Следуваат уште квалитетни проекти од таа област.
  4. Соработката помеѓу институциите на трите држави е на одлично ниво, професионална и пријателска. Вклучени се луѓе кои се експерти.
  5. Со OB ID ќе ја отвориме можноста за слободно движење и пристап до пазарот на трудот. Идентификациониот број ќе се користи и за низа други поволности во иднина.
  6. Даночните управи разменуваат искуства и најдобри пракси за сите да напредуваат и бидат поквалитетни за граѓаните.
  7. Имаме договор за брза реакција во случај на природни катастрофи
  8. Вчера се договори Отворен Балкан театарски фестивал а, има договор за соработка и во кинематографијата и визуелните уметности.
  9. Најавуваме поглавје заеднички да привлекуваме инвестиции 10. Млади, можности, нови хабови, нови бизниси, нови убави вести

Исмајлоска Старова истакнува дека регионалната соработка е важен сегмент за развојот на македонските потенцијали и побрза европска интеграција.

Регионалната соработка не е врзана со граници меѓу две држави како што е неговата дилема, туку е начин за зближување и напредок, потенцира Националната координаторка за регионална соработка и европски интеграции.

Извор: frontline.mk

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ