Државната изборна комисија ги објави податоците за излезноста на Локалните избори 2022 до 15 часот. Во Општина Маврово и Ростуше правото на глас го искористиле 3.423 граѓани, односно 34.41отсто од вкупниот број на гласачи, со што се исполнува цензусот за избор на градоначалник.
Во Центар Жупа се гласа за еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово-Ростуше за двајца кандидати за градоначалник.
Излезноста на изборите за советници во Тетово е 21.29 отсто, каде до 15 часот излегле 18227 гласачи запишани во Избирачкиот список.
М.Д.