• Latest

Исповед на еден бутелчанец

February 26, 2016

Тирана под притисок на протестите: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Исповед на еден бутелчанец

February 26, 2016 10:37
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека повеќето луѓе кога ќе слушнат – „Бутел“, веднаш помислуваат на гробишта и задушница, за мене и повеќето жители на населбата „Бутел“, тоа име носи сосема различни спомени.

Пишува: Ермин Климента
Пишува: Ермин Климента

Се додека не се запишав во средно, за мене „Бутел“ беше 90 проценти од светот, каде што го поминував денот со истите луѓе, бев безмалку херметички затворен во околината која ме израсна, мислејќи многу малку на себеси, а повеќе на своите сограѓани.
Уверен сум дека и тие го правеа истото, бидејќи низ годините, како што растев, сé повеќе го доживував  тој комшиски и пријатен однос од бутелчани. Никогаш не сум се почувствувал побезбедно во некоја друга населба отколку во својата. Национализмот секако дека некогаш предизвикуваше тензии, главно – политичкки мотивирани и таргетирани настани. Но, никогаш инциденти.
Како што можам јас, но и безброј други, да сведочам, нашата улица е „шарена“, мојата куќа е опкружена со прекрасни соседи, првите комшии – Македонци, од другата страна Албанци, карши нас – Бошњаци, а подолу – Турци. Разновидноста секогаш сум ја доживувал како нешто многу нормално во моето маало. Никогаш не ме гледале поразлично комшиите, ниту пак, некој на улица – поради моето етничко потекло. За разлика од некои други маала, ние оганот го палиме на Василица и како дете уживав во таа традиција, бидејќи целата населба се собираше околу еден огромен оган и сите мораа да ги препаркираат автомобилите, што беше едно невидено искуство за мене и доказ дека тоа нешто – им значи на нашите родители.

Секогаш сме биле дел од таа традиција, иако не сме ниту етнички, ниту верски поврзани со истата, но никој не ми го имал тоа објаснето, искрено, не ми било ни гајле.  Македонци, Албанци, Турци, Власи, Бошњаци, Роми… Сите етникуми во Македонија ги имавме во нашето маало и секогаш присутно на оганот како претставници на својата куќа, а не на својата етничка заднина. Сите се  смееја и шегуваа.
Пријателството кое го имаат тие луѓе и секојдневно го чувствуваат,  до ден-денеска не може да им го унишшти ниту една партија. И тоа е проблемот што партиите не го разбираат.  Се додека има и ретки исклучоци, ни поголемиот дел од народот никогаш не може да остане собран во мало меурче и да живее во лагата дека НИЕ сме добри, а ДРУГИТЕ се различни, лоши, сакаат да украдат од НАС… Луѓето излегуваат се запознаваат, некои се вљубуваат, и сето тоа е една голема шлаканица во лицата на сите кои се обидуваат да не разделат и да владеат со ова мало прекрасно парче земја, кое толку различни луѓе го викаат и чувствуваат како своја држава. Сите оние кои се обидуваат да скрпат крај со крај, со чесни намери, и едноставно, да се погрижат за своите сонародници.

Деновиве ги гледаме и слушаме најавите за поставување на крст во „Бутел“, додека многу луѓе на социјалните мрежи се навредуваат и пцујат, повеќето од моите блиски пријатели од нашето маало, го гледаме тој чин како надгробна плоча за веќе заборавено маало кое одамна нема никаква придобивка од било која власт во Македонија. Еден кружен тек со распаднати и неосветлени улици, по кои дури и 23-годишни луѓе како мене се плашат со автомобил да поминат.
Дали властите не разбираат дека осветлувањето е нешто основно за минатиот век?  Во 2016-тата година „Бутел“ се соочува со неосветлени училишни дворови, за жал, одамна познати како собиралишта на корисници на дроги. Местата кои треба на децата да им пружат безбедност им влеваат страв во коски. Вешто скриените дупки зад лежечките полицајци збунуваат дури и луѓе кои живеат на истите улици…
Би можел за „Бутел“ и за прекрасните работи да зборувам три дена без престан и книга да напишам, но истото важи и за недостатоците и пропустите на одговорните да ги испочитуваат своите граѓани.  Сé додека мајки и татковци ги пречекуваат своите деца на автобуската станица, тоа нема да биде моето маало. ..

Само напред, ставете го крстот, забетонирајте го „Бутел“ како општина и поткренете го национализмот,  потоа, предизвикајте уште некоја тепачка, за да наведете дека  малцинствата, другите, инаквите – се виновни за сé.

Сеедно на кој бог му се молите, тоа ниту една религија не го проповеда…

Tags: БутелВасилицагробиштакружен текнационализамсоцијални мрежи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ