Еден заразен лекар и двајца заразени пуштени на домашно лекување со дозвола на лекар при првиот преглед. Ова е најкратката дефиниција за трите од вкупно четири откриени случаи на пациенти заразени со корона вирусот Ковит 19. Двајцата дебарчани одат на преглед со симптоми од грип, а биле дојдени од Италија. Доволни податоци за матичниот лекар да ги препрати на инфективно оделение во Гостивар или Скопје за понатамошни анализи. Матичниот лекар ги пуштил на домашно лековање, претпоставувам да се лечат со чај или евентуално Фервекс. А по откако ситуацијата им се слошила отишле на дополнителен преглед и овој пат се сомневале за корона и се упатени на анализи за Ковид 19. Овој случај треба под итно да преставува предмет за Јавното Оббинителство и да се открије дали пациентите не кажале дека се дојдени од Италија или лекарот не ги почитувал препораките кои веке биле на сила. Едната страна треба да одговори за тоа што заразени шетале слободни. Последниот случај, директорка на дерматологија заразена со корона вирус, исто така вратена од Италија а во меѓувреме имала средби со цел тим на оделот. А колку средби имале нејзините колеги и пациенти со други луѓе низ земјава? Како е можно лекар да не е свесна за опасноста, да не знаела со кого се сретнала и низ кои зони се шетала во Италија па да не се изолира сама барем една недела. Можеби немала симптоми првите денови но каде е човечката и професионалната одговорност тука? Најмалку што можела да направи е да избегнува контакт со други лица ако до толку морала да биде во нејзина канцеларија. А освен оваа директоркара имала можност и да одсуствува барен неколку дена имајќи предвид дека лекар треба да е најодговорен и најсвесен во вакви ситуации.
ИТНА ПРЕПОРАКА
Министерството за Здравство до сега најодговорно реагирала за целата ситуација и совршено одговара на сите предизвици. Но сега веќе имајќи ја предвид неодговорноста на одредени личности меѓу лекарите и евентуално граѓаните, треба да оди еден чекор напред: секој вратен од Италија да се постави на 10 дневен карантин, исто како и оние од Кина.
Арбен Зеќири












