• Latest

ИСТРАЖУВАЊЕ (2 дел): АКСИОС 2017, ем „фантомски“ набљудувачи, ем анкетари ?!

October 22, 2021

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ИСТРАЖУВАЊЕ (2 дел): АКСИОС 2017, ем „фантомски“ набљудувачи, ем анкетари ?!

За анкетите, бидејќи нема достапни податоци, прашавме кои се раководители и кои истражувачи се ангажирани за подготовка на методологијата и обработка на резултатите, а бидејќи во двете објави од анкетите на АКСИОС 2017 недостасува податок за начинот на кој се анкетирани испитаниците (теренска анкета, телефонска анкета итн), прашавме и за методологијата. Но, во одговорот од АКСИОС 2017 не е одговорен најголем дел од прашањата, туку се повторува она што го лиферуваше во јавноста како дел од неколкуте штури соопштенија

October 22, 2021 11:47
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Во првото продолжение на ова истражување, пишувавме дека на овие локални избори повторно како набљудувачка организација се јавува „Аксиос 2017“, која нема веб страница ни контакт телефон, ниту пак транспарентно објавени податоци за нејзиното финансирање. Организацијата објави повик за набљудувачи месец дена пред изборите, што ни од далеку не е доволно за спроведување селекција и обука на над 500 акредитирани (од 800 најавени) набљудувачи, барем според искуствата на организации што ги набљудуваат изборите години наназад.

Да потсетиме, набљудувачите на ЦИВИЛ имаа непријатно искуство со оваа организација на претходните избори, кога, според извештајот, набљудувач на АКСИОС 2017, тогашен претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе, им рекол на набљудувачите на ЦИВИЛ и МОСТ дека не треба да бидат на избирачкото место, бидејќи биле „партиски“.

Аксиос одговори на прашањата на ЦИВИЛ Медиа, без да ги одговори прашањата

Освен тоа, зачудува тоа што оваа организација, освен предизборно набљудување, објавува предизборни анкети со нејасна методологија, што е во спротивност со добрите практики за професионално и непристрасно изборно граѓанско набљудување.

По објавениот прв дел на ова истражување, пристигнаа и одговор на прашањата упатени од ЦИВИЛ Медиа до оваа организација, и тоа токму од е-маил адресата која што е наведена во документот со податоците од АКСИОС 2017 што го добивме од Централен регистар, а не од таа што се користи на јавниот повик за овие избори. Тоа потврдува дека информациите на ЦИВИЛ Медиа за оваа организација биле точни.

Ги прашавме АКСИОС за најавените 800 набљудувачи, прилично обемна операција која изискува значајни финансии. Прашавме кој го финансира изборното набљудување на АКСИОС 2017, дали и кога организацијата извршила обука на набљудувачите кои ќе бидат распоредени по гласачките места на изборите? Воедно, прашавме зошто немаат веб-страница и јавно достапни податоци за работата и дали планираат да отворат веб страница, за да може јавноста да ги запознае.

За анкетите, бидејќи нема достапни податоци, прашавме кои се раководители и кои истражувачи се ангажирани за подготовка на методологијата и обработка на резултатите, а бидејќи во двете објави за резултати од анкетите на АКСИОС 2017 недостасува податок за начинот на кој се анкетирани испитаниците (теренска анкета, телефонска анкета итн.), прашавме и за методологијата.

Но, во одговорот што пристигна од АКСИОС 2017 не е одговорен најголем дел од прашањата, туку е повторено она што оваа организација го лиферуваше во јавноста како дел од неколкуте соопштенија.

„Граѓанската организација АКСИОС 2017 Скопје ќе ги набљудува претстојните локални избори со приближно 500 набљудувачи-волонтери кои доброволно се пријавија на јавниот повик објавен на 16.09.2021 на ФБ страната “ИЗЛЕЗИ ДА ГЛАСАШ”.

Генерално се работи за искусни набљудувачи кои во повеќе изборни циклуси биле дел од нашата набљудувачка мисија. Овој пат, не е организирана класична обука поради актуелната Ковид криза, но на истите им се доставени најнови брошури и упатства од државната изборна комисија.

Граѓанската организација АКСИОС 2017 Скопје, во изминатиов период ги информираше медиумите за сите тековни и планирани активности, а ќе продолжи и понатаму со редовна комуникација со истите и за сите активности навремено и редовно ќе биде информирана јавноста“, се вели во одговорот на АКСИОС 2017 до ЦИВИЛ Медиа на 15 октомври 2021.

Во одговорот, не се одговорени прашањата за тоа кој го финансира изборното набљудување на АКСИОС 2017 и зошто за нивната работа нема податоци на интернет, што е законска обврска за секоја граѓанска организација. Не добивме одговор ниту за тоа кои се раководителите и истражувачите на организацијата, ниту пак за методологијата на анкетата. Организацијата во нејзиниот одговор признава дека не направила обука на изборните набљудувачи.

Да потсетиме, сосем е поинаква праксата на граѓанските организации што со години го набљудуваат овој процес. Златко Димитриоски од Граѓанската асоцијација МОСТ посочи дека транспарентноста и отчетноста на набљудувачките организации во однос на активностите и финансирањето е особено важна.

„Се разбира, редовно и прецизно информирање за наодите, како и доставување на транспарентни информации за поддржувачите на проектот“, истакна Димитриовски за ЦИВИЛ Медиа.

Анкети без автори, со наведувачки прашања и нејасна методологија?

На 3 октомври 2021, во неколку медиуми и портали беа објавени резултати од анкета на АКСИОС, според која ВМРО-ДПМНЕ е во предност пред СДСМ и другите партии што се натпреваруваат на изборите.

„Институтот АКСИОС во периодот од 24.09 до 28.09.2021 година спроведе анализа на јавното мислење на стратифициран примерок од 1215 испитаници на територијата на цела Република Северна Македонија. ‘Анкетата е спроведена за потребите на институтот и во наредниот период ќе ги објавуваме и останатите истражувања за локалните избори во 2021 година. Статистичката грешка на анкетата е околу 2%’- велат надлежните од АКСИОС.“, пренесе Прес 24.

Анкетата нема нарачател, нема детали за начинот на анкетирање и методологијата (телефонски, теренска итн). Во анкетата се забележуваат наведувачки и нејасни прашања.

Такви се на пример прашањата „Дали сметате дека СДСМ и нивната коалиција се Најдобри? (поврзано со слоган на СДСМ за локалните избори)“, на што на што според АКСИОС 2017 потврдно одговориле 10.7% од испитаниците, и прашањето „Дали би се согласиле дека треба да се Создаде нова иднина? (поврзано со слоган на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори)“, на што според АКСИОС 2017 потврдно одговориле 59.3% од испитаниците.

Од овие прашања, на пример, порталот Прес 24 извлече заклучок во наслов дека според  „Анкета на „АКСИОС“: 59.3% поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, а 10.7% се изјасниле за СДСМ“.

Објава на Прес 24 за анкета на АКСИОС, извор: веб страница на Прес24.мк

На 10 октомври 2021, АКСИОС лиферуваше уште една анкета до медиумите која, според објавеното, била спроведена во периодот од 2 октомври до 6 октомври 2021, „на стратифициран примерок во секоја општина и Град Скопје во Република Македонија засебно во однос на демографската средина и бројот на жители во општината/градот Скопје“. Анкетата била спроведена на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“, на примерок од 1.345 испитаници на територија на целата држава, со статистичка грешка од околу 2 отсто.

И резултатите на втората анкета на АКСИОС повторно даваат предност на ВМРО-ДПМНЕ. Над 12 медиумски објави, меѓу кои од Сител, ммс.мк, Плусинфо, Курир, Република, Нетпрес, Лидер, Денешен,  Пресс24, Пресинг, ги објавија резултатите од оваа анкета.

И во неа, може да се забележи дека недостасува информација за методологијата според која била спроведена анкетата.

(продолжува)

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ