Законот за амнестија е објавен во Службен весник на Р. Македонија, којшто веќе го потпишал претседателот Ѓорѓе Иванов.
Од денеска тече рокот од пет дена за обвинетите во предметот за 27 април во Собранието од минатата година, во кој тие може да поднесуваат барање за амнестија.
Во предметот, обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
Според овој Закон секој обвинет треба да поднесе барање да биде амнестиран доколку смета дека ги исполнува условите пропишани со овие законски решенија. Последниот збор ќе го дадат судијката и обвинителката во овој предмет, Добрила Кацарска и Вилма Рускоска.
Пратениците во Собрание го изгласаа Законот за амнестија со 95 гласа „за“.