• Latest
Добро утро со Орданоски

Иванов, сертификаторот!

February 27, 2018
Фото: Скриншот од видео на МИА

За Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетните честички по здравјето на граѓаните, тоа било само визуелно

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа

September 10, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Иванов, сертификаторот!

February 27, 2018 07:45
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]О[/dropcap]ние кои мислат дека издавањето на безбедносни сертификати за новинарите од страна на Кабинетот на претседателот Иванов е само добронамерна несмасност на оваа висока државна инстанца, се лажат. Зад таквиот потег стои политички промислен обид да се поткопа и успори интензивирањето на реформите во безбедносниот сектор кои следуваат до крајот на оваа година. Тоа се однесува и на воениот и на цивилниот дел од областа на надлежноста на Иванов.

Тоа, се чини, е новата стратегија на Иванов за „продлабочување“ на кохабитацијата со Владата на Заев. Седи, така, Иванов на Водно и си мисли…

Најнапред, интеграцијата на Македонија во НАТО можеби ќе успее, а можеби и нема да успее – бидејќи тој процес, политички, сепак се одвива вон контролата на Иванов, а тој нема храброст да се вмеша и отворено да го опструира, остава текот на настаните да го сторат своето. Па, ако работата се искомплицира (што е, секако, можно), тие политички „плодови“ ќе му паднат во скутот на фонот на неговото политичко „вјерују“, дека Македонија припаѓа на Исток, а не на Запад, или, во најлош случај, на „ничијата земја“ меѓу Исток и Запад. Ако, пак, Македонија, сепак, биде примена во НАТО, што да се прави, виша сила, одиме понатаму, сепак има доволно говори во кои Иванов предострожно ја истакнал важноста на тој процес…

Потоа, истрагата за настаните од 27 април… За Иванов, таа работа е сè уште со нејасен исход: се разбира дека, со некои клучни луѓе околу себе, е „до гуша“ имплициран во тој неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ за државен удар, но не му е јасно до каде се обвинителите подготвени да одат во јавното расветлување и на неговата улога во настаните. Ровитата политичка ситуација во земјата и „тежината“ на неговата функција, како претседател, до сега го заштити од објавувањето на детали од истрага и за улогата на луѓе од Претседателскиот кабинет во непријатните настани; но, Иванов знае (без разлика што зборува приватно и по брифинзи) дека таа истрага, сосе одлуките за притворите, не ја контролира Заев! Таа „кнедла“ му стои во грлото и не е сигурен во која насока ќе продолжи да се движи. Доколку се точни информациите дека и луѓе од АРМ, наводно, имале извесни задолженија во тие настани, имплицирањето на Иванов е неизбежно. Да предупредам: во тоа деманти не помагаат, сè додека обвинителите не ги заокружат сознанијата така како што ќе најдат за потребно. На тој случај, гледаме, сè уште се работи.

Конечно, реформата на безбедносните служби (Агенцијата за разузнавање е директно под негова контрола) не е проект што Иванов го чини среќен, бидејќи тие реформи треба да доведат до интегриран, поефикасен систем за безбедност во државата, во кој ќе се исклучи политичката злоупотреба врз нив, но и мешањето на тие служби во политиката на земјата. Иванов мисли дека во МВР и во ДБК, со промената на власта, се вратени кадри од некогашната пост-социјалистичка УДБА, и дека тие половина работно време трошат само на него! Тој, несигурен во себе, е класичен политички конспиратор, кој има и непријатна семејна историја со тие служби, башка колоритните еднодецениски искуства со Мијалков! Којзнае, неговите советници – има таму еден кој си ниша, па си ниша – во изминативе месеци и години со што сè не му ја наполниле главата, плус „ветерот“ што го пирка од разно-разни странски контакти… Речиси сум сигурен дека во областа на безбедноста (а и не само во неа) Иванов прилично живее во некаква Ла-Ла-Ленд.

Во таков контекст треба да се гледа „екскурзијата“ на претседателот со издавањето безбедносни сертификати за новинари (?!) – тоа е, имено, подготовка, на некои од тие новинари, претпоставувам, да им се лиферуваат (и) документи со безбедносни класификации, за и тие да почнат да им веруваат на заговорничките скаски кои царуваат во светот на Претседателскиот кабинет. Сè уште не е сосема јасно која ќе биде натамошната улога на Иванов во развојот на настаните во Македонија, па тој, веројатно за секој случај, се обидува да инсталира нови новинарски „олуци“ (покрај постоечката мрежа од курирци и други слични лузери), за да му се најдат, што и да мисли да прави понатаму.

Сепак, мислам дека и најновата „стратегија“ на Иванов ќе доживее фијаско, како и сите негови претходни несмасни политикантски операции. Впрочем, нему функционерските месеци му се изброени, ќе го издржиме додека замине во незаслужена претседателска пензија.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Ivanovбезбедносни сертификатиНАТО
Share123Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ