• Latest

Иванов: ВМРО-ДПМНЕ да се опамети и да се откаже од небулозните блокади

January 19, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Иванов: ВМРО-ДПМНЕ да се опамети и да се откаже од небулозните блокади

January 19, 2023 12:14
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

И по триесет години независнот, и во 2022 година сè уште се зборува за предавници и патриоти. Но, никој не ја предал државата, а никој не ни станал голем патриот како на пример Гоце Делчев или Александар Македонски. Несфатливо е како политичките партии не можат да седнат на маса и да се договорат за елементарни и круциални прашања, за да функционира системот, рече новинарот и аналитичар Зоран Иванов на мултимедијалниот јавен настан на ЦИВИЛ „Перспективи 2023“.

„Не се демонтира партизацијата и непотизмот, продолжија аферите за корупција итн. Извештаите на Европската комисија го покажуваат тоа. Политичарите треба да седнат и да се договорат барем за 2-3 реформи, како што се реформи во здравството, во образованието, итн.

Поразително е тоа што тлее недовербата во политичките субјекти кои треба да ги градат институциите, да ги департизираат и конечно професионалците да дојдат на вистинските места.

Министрите треба да се симнат од екраните и да говорат за генералната политика. Нема демократија во политичките партии, а без демократија во политичките партии нема демократија во општеството, во државата“, вели Иванов.

Иванов додаде дека на внатрешен план, за жал, политичката култура остана на маргините како кочница за македонските реформи и ЕУ интеграции.

„Во 2023 да се надеваме на кооперативен меѓупартиски дијалог, на разум на опозицијата да не се однесува како „одрон” на ЕУ патот и конечно Македонија и официјално да ги почне ЕУ преговорите“, истакна Иванов.

Иванов додаде дека очекува поголема професилонализација и демократизација на медиумите и новинарите.

 

Дехран Муратов

Фотографија, камера и видео монтажа: Ариан Мехмети и Александар Ризински

Перспективи 2023 се состоеше од шест панели со повеќе од десет учесници кои се емитуваа во живо на Јутуб видео каналот и на ФБ страницата на Цивил.


Извор: CivilMedia | Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result