• Latest
Билјана Ивановска, ДКСК / Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Ивановска: Апелирам до јавноста да се пријавуваат сите прекршувања на Изборниот законик!

April 11, 2019

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ивановска: Апелирам до јавноста да се пријавуваат сите прекршувања на Изборниот законик!

April 11, 2019 15:01
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Билјана Ивановска, ДКСК / Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Билјана Ивановска, ДКСК / Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, поради неможноста директно да учествува на конференцијата „Какви избори – таква иднина“  во организација на ЦИВИЛ, даде свој придонес со видео-изјава во која ги пренесе главните информации за улогата на Комисијата во изборните процеси.

„Од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на Претседател на Република Северна Македонија, како и од денот на донесувањето на Одлуката за распишување на избори за избор на  градоначалник, па до завршување на изборите за избор на градоначалник, не може да се започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал – на нови објекти во инфраструктурата, како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности – училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно, се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година“, порача првата антикорупционерка.

„Исто така, не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати, односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства, или од средства на јавни фондови, ниту да се отуѓува државен капитал, ниту да се потпишуваат колективни договори, како што не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи“, рече во своето видео-обраќање за конференцијата, Ивановска.

Таа додаде дека ДКСК ќе следи дали има јавни настани по повод започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал, во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти што е забрането со закон.

„Забрането е вршење и обид за вршење притисок и заплашување на гласачи или членови на нивните семејства или ним блиски лица. Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ja следи изборната кампања на сите кандидати и во случаите на основи за сомневање дека се прекршува законот, ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активности во рамките на нивното надлежно постапување“, изјави Ивановска.

ДКСК објави и форма на Пријава за сомневања за незаконитости и прекршувања во изборниот процес и во изборната кампања на претседателските и локалните избори 2019 година. Ивановска упати апел до секој граѓанин кој има сознание за евентуални прекршувања на одредбите од Изборниот законик за забрана за употреба на буџетски средства, односно забранети дејствија на јавните институции од денот на распишување на изборите, како и во текот на изборната кампања на претседателските и локалните избори 2019 година да ја искористи оваа алатка.

Со оглед дека видео-изјавата на Ивановска беше снимена два дена пред почеток на конференцијата „Какви избори – таква иднина“, таа ги спомна и десетте приговори од ВМРО-ДПМНЕ за користење на канцелариски простор, за одржување на прес-конференција, за асфалтирање на одреден пат, за вработување на повеќе лица во јавно претпријатие, за делење на хуманитарна помош… На денот на одржување на конференцијата, ДКСК имаше седница на која се одлучуваше по овие приговори. Според последните информации, сите приговори на ВМРО-ДПМНЕ се одбиени.

 

Биљана Јордановска (текст, фотографија и монтажа)

Камера: Дехран Муратов

Share22TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ