Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси објави повик за 20 набљудувачи што ќе помогнат во набљудување на изборната кампања. Како што најави претседателката на ДКСК, повикот е отворен до вторник, 16 јуни.
„Ќе се ангажираат 20 набљудувачи и тоа пет лица во Првата изборна единица, четири во 5 и 6 ИЕ, три во 2 изборна единица и две во 3 и 4 ИЕ“, изјави Ивановска на денешната прес конференција, истакнувајќи дека ангажманот на овие набљудувачи е со меѓународна поддршка.
обработка на текст и монтажа: Б. Јордановска
камера: Атанас Петровски