• Latest

Ивановска: Избраните градоначалници и советници во рок од 30 дена од денот на изборот да поднесат изјава за имотна состојба и судир на интереси

November 2, 2021

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Ивановска: Избраните градоначалници и советници во рок од 30 дена од денот на изборот да поднесат изјава за имотна состојба и судир на интереси

November 2, 2021 12:47
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ги потсетува сите новоизбрани советници, градоначалници и функционери за одредбите од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, како и дека при извршувањето на јавните овластувања и должности не смеат да се раководат од лични, семејни, партиски и етнички интереси.

Непочитувањето на сите обврски и забрани од Законот за спречување на корупција и судир на интереси претставуваат прекршок и за истите се изрекува одредена прекршочна санкција, односно јавна опомена.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на денешната 54. седница, укажа на начелото на интегритет и обврската при вршењето на функцијата да внимаваат на евентуален судир на интереси, а во случај на постоење на сомневање на судир на интереси се должни да побараат мислење од ДКСК.

– Избраните градоначалници и членови на Совет на општина, односно на Град Скопје, имаат обврска за поднесување на изјава за имотна состојба и судир на интереси, најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот. Градоначалниците или членовите на совет на кои функцијата им престанала, исто така, имаат обврска да поднесат изјава за имотна состојба или судир на интереси најдоцна во рок од 30 дена, од денот на престанување на функцијата. Градоначалниците или членовите на совет се должни во рок од 30 дена да го пријават секое зголемување на нивниот имот, односно имотот на членовите на нивното семејство во вредност што надминува 20 просечни плати во претходниот тримесечен период, изјави Ивановска.

Градоначалник или член на Совет на општина, нагласи Ивановска, не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови и сите други правни лица со доминантен државен капитал, освен ако со закон не е поинаку утврдено.

ДКСК, на продолжението на денешната 54-та седница, разгледа и одлучи по повеќе предмети, меѓу кои и за договорот за снимање со дрон на шумски површини во скопската котлина за рана детекција на растителни болести од страна на Град Скопје, а каде е ангажирана фирмата на партнерот на министерката за образовани и наука.

Катица Николовска, член на ДКСК, појасни дека за предметот имало доста реакции во јавноста и дека се обратиле до Град Скопје за добивање на целокупната документација за изборот на фирмата.

– Постапката е спроведена согласно Законот за јавни набавки. Објавена е и планирана со годишниот план за јавни набавки. Спроведени се сите постапки преку електронскиот систем. Се јавил само еден кандидат. Склучен е договорот и реализиран е во рамки на планираните средства. Наводите во јавноста дека фирмата е избрана со влијание на министерката не се потврдени. Постапувањето по предметот се запира, изјави Николовска.

ДКСК, исто така, го разгледа и предметот за 280 вработувања во АД „Пошти“, за кој констатира дека не се потврдиле наводите дека се вршат партиски вработувања пред избори.

Вработувањата биле предвидени уште во претходната година да се реализираат, на крајот на 2019 година, меѓутоа со распишување на предвремените парламентарни избори сите постапки се ставаат во мирување. Со планот за вработување се предвидени 230 нови вработувања и обезбедени се средства во финансискиот план на акционерското друштво. Сето тоа е јавно и транспарентно објавено. Формирана е комисија и сето тоа е потврдено со одлуки на Управен одбор. Така што, наводите дека се вршат партиски вработувања пред избори не се потврдуваат и предлагам постапувањето на комисијата да запре, изјави Николовска.

ДКСК на денешната седница, исто така, разгледа и отфрли повеќе пријави од граѓани, поради неоснованост или ненадлежност.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ