„Она што сакам да го нагласам е дека имајќи ја предвид економската и општествената состојба на земјата, младите во Македонија ги немаат шансите како своите врсници во ЕУ!
Има голем број на млади кои немаат пристап до образование. Речиси половина од невработените се млади. Младите имаат проблем кога влегуваат на пазарот на трудот со помали плати…
Се надеваме на побрз пристап до образование за пристојна работа со пристојни примања. Се надеваме на полесна соработка со младински организации од Европа за соработка и размена на искуства“, рече Ирена Ивановска.
М. Ивановска