• Latest

Ивановска: Околу 20 проценти од претставките кои ги добива ДКСК се однесуваат на правосудството

July 15, 2021
Александар Вучиќ (фото извор: Wikimedia Commons)

Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

September 6, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Десетици убиени и ранети во континуираното израелско бомбардирање утрово

September 6, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Повеќе од 7.000 деца под петгодишна возраст во Газа се опоравуваат од неухранетост во период од две две недели

September 6, 2025

Хрватска ќе стане дел од Коалицијата за дронови за поддршка на Украина

September 6, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски ја отфрла идејата на Путин за средба во Москва: „Може да дојде во Кијив“

September 6, 2025

На 16 септември и 2 октомври Албанија ќе ги отвори двете последни преговарачки поглавја со ЕУ

September 6, 2025
Артилериска стрелба
Извор- официјална ФБ страница на АРМ

АРМ ќе изврши пробна почесна артилериска стрелба по повод 8 Септември- Денот на независноста

September 6, 2025
Фото: ВИ

Национализам на „реприза“: Секој изборен циклус – иста матрица на страв и поделби

September 6, 2025

Дир: Од почетокот на септември рф употреби над 1300 дронови, околу 900 наведувани авионски бомби и 50 ракети врз Украина

September 6, 2025

Албанскиот политички блок пред локалните избори 2025: Поделби, наративи и нови сојузи

September 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Ивановска: Околу 20 проценти од претставките кои ги добива ДКСК се однесуваат на правосудството

July 15, 2021 12:08
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 20 проценти од претставките кои ги добива Државната комисија за спречување на корупцијата од граѓаните се однесуваат на правосудството, нагласи претседателка на ДКСК Билјана Ивановска.

На отворањето на јавната дебата „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството“ во организација на ДКСК, Ивановска, порача дека потврда за ова се и резултатите од овогодинешното истражување на Балкански Барометар 2021 спроведено од Регионалниот совет за соработка каде е утврдено дека 81,1 процент од граѓаните сметаат дека судството е најкорумпирано.

– Ако е за утеха, овој процент е малку помал од претходната година. Истражувањето спроведено од Меѓународниот републикански институт – ИРИ во периодот март-април 2021 година, исто така забележа загрижувачки состојби во оваа област, што беше причина за организирање на оваа дебата, изјави Ивановска.

Министерот за правда Бојан Маричиќ, во воведното обраќање рече дека одговорноста за градење на еден одржлив систем за борба против корупцијата е одговорност на сите нас и дека е добро што ДКСК денес ги обедини оние кои треба да бидат чувари на правната држава, владеењето на правото и демократијата, односно сите чинители на правосудниот систем од кои се очекува испорака на правда.

–  За состојбата во правосудството која што ја затекнавме и наследивме, повеќе од нужно беше да се реагира со длабоки реформи и системски промени. Тоа и го направивме. Со донесените стратешки документи, како Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси – 2021-2025 година во делот посветен на Правосудството, ставивме печат за почеток на унапредување на судскиот систем и негово функционирање. Во изминатиот период, донесени се реформски закони во насока на јакнење на независноста на судството и јавното обвинителство и јакнење на механизмите за превенција и борба против корупцијата. Од 2019 година имаме јасни односно подобрени правила на однесување за судиите и јавните обвинители. Како министерство, инициравме и голем број активности за спроведување на препораките на ГРЕКО, што беше соодветно препознаена и при последната оценка во нивниот Извештај.
Со донесувањето на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите, од 2019 година, генерално зајакната е правната рамка за спречување на корупцијата и судирот на интереси за сите категории на службени лица, вклучувајќи ги и судиите и јавните обвинители, изјави Маричиќ.

Имплементацијата на овие мерки, нагласи тој, е тоа што треба да се обезбеди тие да профункционираат во пракса и законите да важат за сите подеднакво.

– Не можеме да имаме силна правна држава ако законите не важат за сите подеднакво. Тие што направиле корупција без разлика дали се работи за политичари, судии или било кој, мора да одговараат. Обиди за заобиколување на правдата и правниот систем не смееме да дозволиме. Токму затоа ја поддржавме новата методологија за проверка на работата во судството, рече Маричиќ.

Дополнително, посочи Маричиќ со Планот за борба против корупцијата и Агендата Европа дома, Владата предвидува екипирање и дигитализација во јавното обвинителство, електронска размена на податоци меѓу институциите за поефикасно спроведување на истраги и подобрена координација.

Заменичка директорка на програмата на Меѓународниот републикански институт – ИРИ за Македонија  Илина Мангова, посочи дека судството го следат во последните пет-шест години и тоа континуирано се наоѓа на дното на довербата.

–    Само 23 проценти од граѓаните изразиле дека имаат доверба во правосудството, наспроти 76 проценти кои рекле дека немаат. Тоа значи дека три спрема еден од луѓето во Македонија што имаат недоверба во судството. Ова е континуирана состојба и растот е минимален, кој беше по потпишувањето на Договорот од Преспа и зголемените очекувања на граѓаните, изјави Мангова.

Последните години, посочи таа, како единствено позитивно нешто што според нас може да се забележи, е едно изедначување во недовербата и меѓу етничките Македонци и етничките Албанци.

Секторот правосудство е издвоен и како посебен со многу висок ризик од корупцијата во Националната стратегија за борба против корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 на ДКСК.

Како приоритетни проблеми во секторот, во стратегијата се посочуваат: недоволно ефикасен систем за јакнење на интегритетот во судството и јавното обвинителство, недоволни материјални и кадровски ресурси, отсуство на автоматизиран систем за распределба и следење на предметите во јавното обвинителство и недоволна транспарентност во работата на Советот на јавните обвинители и недоволна ефикасност и транспарентност во работата на Државното правобранителство.

Заклучните согледувања од дебатата ќе бидат доставени до надлежните институции.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ