• Latest

Ивановска: Привилегиите се политичка корупција! (3)

August 26, 2019

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Ивановска: Привилегиите се политичка корупција! (3)

„Ние сме држава во којашто најголем процент од населението членува во политички партии. Ние сме држава каде што ако не си во партија не можеш да се вработиш. И таа филозофија мора да заврши“, вели Билјана Ивнаовска, ДКСК

August 26, 2019 16:07
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првата антикорупционерка, Билјана Ивановска, на двочасовната дискусија со учесниците на семинарот на ЦИВИЛ, „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ одговараше на прашања на теми поврзани со работата на Државната комисија за спречување на корупција.

Едно од прашањата беше и иницијативата „Крај на расипништвото“, која ЦИВИЛ ја покрена во јавноста во месец мај и која се однесува на привилегиите на пратениците и функционерите.

„Привилегиите се еден вид политичка корупција“, смета Ивановска.

„Ние сме држава во којашто најголем процент од населението членува во политички партии. Ние сме држава каде што ако не си во партија не можеш да се вработиш. И таа филозофија мора да заврши“, вели таа.

Ивановска зборуваше за барањата за извештаи кои ДКСК ги испрати до сите институции за користењето на службените возила, патни трошоци, апанажи, репрезентација.

„Ние сме држава во којашто најголем процент од населението членува во политички партии. Ние сме држава каде што ако не си во партија не можеш да се вработиш. И таа филозофија мора да заврши“, Билјана Ивановска, ДКСК, семинар на ЦИВИЛ „Транспарентност и одговорност“, Велес, 14 август 2019/ Фотографија Б. Јордановска ЦИВИЛ

„Веќе се при крај, ни ги доставуваат. Со тоа што треба да кажат врз кој законски основ ги користат и дали имаат некакви правилници. Имавме страшни реакции околу тоа. Целта ни е прво да и покажеме на Владата колкав дел од буџетот оди во привилегии, затоа што и тоа е еден вид политичка корупција“, вели Ивановска, додавајќи дека тоа се сериозни суми на средства со кои значително може да се подобри инфраструктурата во државата, а пратениците да се возат со јавен превоз, затоа што тогаш државата ќе има добар јавен превоз.

На прашање за јавните претпријатија кои исплаќаат паушали за адвокати, Ивановска вели дека ДКСК собира податоци и дека после одморите официјално и ќе отвори предмет по ова прашање.

„Имаме една многу важна надлежност-антикорупциска проверка на законите. На пример дискреционото право. Има методологија како да се откриваат тие дупки во законите, но во тоа одделение имаме само еден човек. Треба да се доекипираме. Како и да е, имаме надлежност да предложиме измени во законската регулатива“, вели Ивановска.

За тоа која е потребата од владин тим за борба против криминал, Ивановска смета дека тоа е со цел за да се укаже дека Владата води грижа.

На двочасовната дискусија се постави и прашање за финансирањето на невладиниот сектор и можноста од манипулации.

„Пред 12 години Европскиот суд на ревизори одржа седница за невладините организации, оти било утврдено дека преку нив можат да се исперат многу пари. Кога бев на интервју за ДКСК, имав прашање за финансирањето на невладините. Мојот став е следен: прво мора да се направи добар регистар, кој со што се бави и кој им е извор на финансирање. За странските пари многу не се секирам. Но, она што загрижува кај нас е што се дозволува, со еден ист проект се дозволува да чукаат на повеќе врати. Во сите институции има ставки по кои се даваат средства на невладините. Може со еден исти проект да се земаат средства од повеќе места“ вели Ивановска.


Маја Ивановска
во соработка со Игор К. Илиевски
камера: Атанас Петровски
монтажа и фотографија: Биљана Јордановска


Семинарот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ е дел од истоимениот проект, финансиран од National Endowment for Democracy.

ЦИВИЛ во наредните денови ќе ги објави и последниот дел од излагањето Билјана Ивановска, како и излагањето на градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

Повеќе информации за семинарот „Транспарентност и одговорност во полтичките процеси“:

Семинар на ЦИВИЛ за транспарентноста, одговорноста и разочарувањата

Бранимир Јовановиќ за (не)одговорноста во спроведувањето на владините реформи (1 дел)

Јовановиќ: Каде згреши оваа власт? (2 дел)

Бранимир Јовановиќ за можните излези од политичката криза (3 дел)

Ивановска, ДКСК, за транспарентноста и одговорноста во борбата против корупцијата (1 дел)

Првата антикорупционерка, Ивановска, отворено за борбата со непотизмот, независноста на ДКСК и други горливи прашања (2)


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share29TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ