• Latest

Јовановиќ: Каде згреши оваа власт? (2 дел)

August 21, 2019

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Јовановиќ: Каде згреши оваа власт? (2 дел)

Јовановиќ преку своето искуство и како активист, но и како човек што две години бил дел од сегашната власт даде свое видување и одговор на прашањето што го постави сам пред себе си и пред сите засегнати...

August 21, 2019 12:16
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во второт дел од своето излагање на семинарот на ЦИВИЛ „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“, д-р Бранимир Јовановиќ, граѓански активист и експерт за финансии, поранешен советник на екс-министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, се фокусираше на лошите здравствени реформи, (не)зависното и (не)праведно судство, привилегиите на функционерите и преоптоварената јавна администрација.

„Здравство. Нешто што сите длабоко и интимно нѐ погодува. Што вели програмата на СДСМ: ќе овозможиме квалитетно јавно здравство достапно на сите. Што е реалоност? Реалноста е детска кардиохирургија што ја селите од јавно здравство во приватна болница, ја уништувате и 10 години тоа што е градено во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа одвратни во поглед на здравството, но сепак правеа нешто, инвестираа во неа, тие тоа го уништуваат. А, сте ветиле дека целото јавно зравство ќе го направите квалитетно и достапно за сите. Наместо да се стимулира и да се развива јавното здравство, да се инвестира, да се враќаат докторите од приватните болници во државните, се прави токму спротивното“, потенцираше Јовановиќ.

Јовановиќ говореше за моменталната состојба на „независното“ и „праведното“ судство.

Бранимир Јовановиќ, семинар „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“, Велес, 15 август/Фотогорафија: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

„Кажете ми, за кого имаше правда овие две години? Груевски побегна, ги амнестиравме сите. Што имаме сега? Дали имаше некаква одговорност? Дали имаше правда за некого? Не. Ги критикувавме претходните власти дека никој не одговарал за ништо. Сите имаа големи скандали, никој не одговараше. А зборувавме за тоа, Груевски, Камчев, Мијалков, сите тие големи бизнисмени мора да одговараат пред законот. Што имаме сега? Груевски слободно се шета и се слика со манекенки во Будимпешта, Мијалков ужива во „Мериот“, Камчев видовме што прави, многу му е тешко, во четири ѕида затворен, нели, навистина видовме правда за сите“, ја илустрираше Јовановиќ нашата „правда за сите“.

Особено бурни реакции од присутните учесници на семинарот се однесуваа на презентирањето на неостварените ветувања на СДСМ за привилегиите на функционерите, комодитетот на власта преку намалување на бројот на службени возила на 50%, како и злоупотребата на патните трошоци.

Стоп за злоупотреба на патните трошоци. Ја критикувавме Силвана Бонева за патни трошоци, а сега ја имаме Мира Дизел и не само неа. Ова беше една од првите работи или скандали што се појави од формирањето на новата Влада и тоа уште на самиот почеток, летото 2017 година – Бранимир Јовановиќ/Фотографија: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

„Стоп за злоупотреба на патните трошоци. Ја критикувавме Силвана Бонева за патни трошоци, а сега ја имаме Мира Дизел и не само неа. Ова беше една од првите работи или скандали што се појави од формирањето на новата Влада и тоа уште на самиот почеток, летото 2017 година. И оние што беа најповикани да кажат и преземат нешто за случајот ништо не направија. А се работи за ситница. Патните трошоци што се исплаќаат на пратениците се стотици илјади евра годишно. Што од буџет од 3 милјарди евра не е ништо. И најбитното ти си го критикувал тоа, а сега го правиш истото“, рече Јовановиќ. Тој има речиси идентични на заложбите на ЦИВИЛ и Иницијативата „Крај за расипништвото“.

Исто така, Јовановиќ го критикуваше и ветувањето за рационализација на организацијата на Владата, односно намалување на бројот на министри. Односно, како што потенцираше Јовановиќ, бројот на министри од 26 да се намали на 20, а всушност се зголеми на плус еден. Вклучително и бројот на министир без ресор, кои ништо не работат.

„Многу битно за мене: јавна адмиистрација. Создавање стручна и ефикасна администрација што ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните“. Во овие две години не видовме ниедна реформа во јавната администрација. Има квалитетни луѓе, ама знаете кои се тие? Оние на најниско ниво. Тие што сега почнале да работат и имаат ентузијазам. Оние кои имаат по десет години стаж веќе не можат да работат, не сакаат да работат. Имате систем кој ги наградува овие вториве. А вие како минситер не можете ништо да направите-законот не ви дозволува. Затоа имаме вакви ситуации“, објасни Јовановиќ укажувајќи на можноста за нови протести, токму против оваа Влада, барајќи одговорност.

Каде згреши власта?

Јовановиќ преку своето искуство и како активист, но и како човек што две години бил дел од сегашната власт даде свое видување и одговор на прашањето што го постави сам пред себе и пред присутните учесници на семинарот на ЦИВИЛ.

„Се згреши уште во самиот почеток кога не се сосекоа проблемите во корен. Имате болест која е во зачеток, и ако не ја третирате во самиот корен, ако не ја санирате на почетокот, таа ќе се рашири и после е доцна. Мораше уште на самиот почеток кога се појавија првите значи на повторување на истите грешки да се реагира. На почеток Тоа требаше да се случи уште на почетокот со кратење на патните трошоци, трошоци за репрезентација, кога се продолжи со купување коли, уште тогаш почнаа вработување блиски луѓе без заслуга, уште тогаш кога не се реагираше на политичко ниво, веќе работата излезе од контрола.

Зошто не се реагираше? Затоа што беа премногу меки и премногу толерантни. Една голема грешка на оваа власт е што беше премногу толерантна и попустлива. Не викам да биде диктаторкска како онаа на Груевски. Но, мора да се направи систем на награди и казни за да се разликува добро од лошо. Тука згреши оваа власт и мислам дека сега  многу тешко ќе можат да се сменат работите“, одговори Јовановиќ.

ЦИВИЛ во наредните денови ќе го објави и последниот дел од излагањето на Бранимир Јовановиќ, како и излагањата на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

Семинарот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ е дел од истоимениот проект, финансиран од National Endowment for Democracy.

Биљана Јордановска
во соработка со Игор К. Илиевски
камера: Дехран Муратов
монтажа и фотографија: Биљана Јордановска

Бранимир Јовановиќ за (не)одговорноста во спроведувањето на владините реформи (1 дел)


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.


Со преземање спротивно на Условите на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.

Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.

Share211TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ