• Latest

Бранимир Јовановиќ за (не)одговорноста во спроведувањето на владините реформи (1 дел)

August 20, 2019
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Бранимир Јовановиќ за (не)одговорноста во спроведувањето на владините реформи (1 дел)

Прв дел од ексклузивниот настап на д-р Бранимир Јовановиќ, поранешен советник на екс-министерот Тевдовски, кој говори за одговорноста, ветеното и (не)оствареното во владините политики на семинарот на ЦИВИЛ „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“...

August 20, 2019 13:20
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Д-р Бранимир Јовановиќ, граѓански активист и експерт за финансии, поранешен советник на екс-министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, како еден од говорниците на семинарот на ЦИВИЛ „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“, се фокусираше на дефинирање на одговорноста преку конкретни примери на реализираните и нереализираните ветувања и реформи и кој и како сноси политичка одговорност за истите.

„Одговорност е да преземеш нешто и да се обидеш да направиш некакви промени, а не само да критикуваш. Но, исто така, одговорност е да се повлечеш доколку процениш дека нема да можеш да ја постигнеш зацртаната цел и да им отстапиш место на другите“, нагласи Јовановиќ, во своето излагање на на семинарот на ЦИВИЛ.

Во првиот дел од своето излагање Јовановиќ зборуваше за остварените владини реформи особено во делот на економијата и социјалните реформи, односно минималната плата, решавање на проблемот со стечајците, намалување на прагот на сиромаштијата, прогресивен данок на доход…. но, и за оние реформи што имаа потенцијал да се решат, а поради низа оправдувања и политички компромиси останаа нереализирани.

„Јас бев дел од оваа власт, и тоа цели две години, како советник на министерот за финансии. Прашањето е зошто јас влегов во Владата знаејќи ги сите овие работи? Се нафатив затоа што искрено мислев, малку наивно, и се надевав дека може да се реализираат барем дел од мерките што беа во програмата на СДСМ. Јас не бев член на СДСМ. Најверојатно знаете дека јас бев еден од основачите на Левиица од каде на крајот се тргнав. Зошто прифатив? Затоа што имаше мерки во програмата на СДСМ, особено во економскиот дел што според мене беа прилично добри… Сепак, кога ме прашаа дали би се нафатил, мојот прв став беше дека не сакам, затоа што една причините беше дека веднаш ќе се почне со „еве го овој се продате, затоа протестираше, глумеше, го апсеа, глумеше лудило, а сега си седна у фотелја. Но откако се консултирав со блиски, сите ми кажаа дека мора да влезам и дека е неодговорно од моја страна..“, објасни Јовановиќ на почетокот од излагањето.

Бранимир Јовановиќ, семинар „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“, Велес 15 август 2019/Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ
Бранимир Јовановиќ, семинар „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“, Велес 15 август 2019/Фото: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

„Една од значајните мерки што на почетокот се реализираа е минимална плата од 12.000 денари. Сепак, вториот дел од таа мерка 16.000 минимална плата до 2020 година, што стои во програмата на СДСМ, јас не верувам дека има време да се оствари. Проблемот, пак, со стечајците е нешто што ВМРО-ДПМНЕ од инат не сакаше да го реши иако тоа чинеше 500.000 евра од буџет три милијарди што не ништо. Во програмата на СДСМ стоеше дека ќе се реши во првите 100 дена и тоа се реализираше“, објасни Јовановиќ.

Повисок данок на имотот за најбогатите, дел од предавањето на Бранимир Јовановиќ/ Фотографија Б. Јордановска, ЦИВИЛ
Повисок данок на имотот за најбогатите, дел од предавањето на Бранимир Јовановиќ. Фотографија Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Во првиот дел од своето излагање Јовановиќ се осврна и на прогресивниот данок како ветување за кое луѓето гласаа на изборите иако за остварување на оваа мерка најгласно се бунеле и се бунат богатите.

„Дел од прогресивниот данок кој се модифицираше беше дека ставката од 18% ќе важи за најбогатите 5% од луѓето. Прогресивниот данок што ние успеавме да го воведеме изнесуваше 1%. Прагот на крајот излезе 90.000 денари иако сакавме да го наравиме 60.000 денари и да опфатиме 2% од најбогатите во земјата. Но, кога се обидовме тоа да го направиме сите скокнаа, ќе ги иселите програмерите, ќе избегаат во Германија, Шветска, каде што има даноци од 50%, само затоа што ќе воведеме над 1.000 евра дополнителна стапка од 18%. Затоа се крена повисоко таа стапка иако лично бев против, но не ја носев јас одлуката, туку дргуи луѓе во Владата. Крајниот ефект е дека имате ветување за прогресивен данок што ќе ги опфати најбогатите 5%, а имате реализација што ги опфаќа 1% од најбогатите. Односно, им правите голема отстапка на богатите“, рече Јовановиќ.

Јовановиќ: „Дел од прогресивниот данок кој се модифицираше беше дека ставката од 18% ќе важи за најбогатите 5% од луѓето. Прогресивниот данок што ние успеавме да го воведеме изнесуваше 1%…“. Фотографија: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Како нереализирани ветувања што биле дел од програмата, во првиот дел од своето излагање, Јовановиќ ги спомна и укинување на највисоката даночна оновица, пргоресивен данок на имот и работничките права.

„Најголем проблем за мене во однос на работничките права е што можете да вработувате постојано човек без договор на неопределено време, односно договор за стално вработување, 5 години. Работникот се држи со договори за кратко вработување, ќе му се даде договор на 3 месеци, па на 6 месеци и така во период од 5 години. Ефектот од ова е што работниците живеат во неизвесност, не знаат дали ќе имаат плата по 3 месеци и не смеат да се бунат. Ако на таков работник му кажеш дојди во сабота на работа, тој нема да каже не, затоа што знае дека нема да му се продолжи договорот и ќе остане без работа. Ќе биде отпуштен сосема легално. Во програмата на СДСМ стои: Договорот за вработување на опрпеделено време по 6 месеци ќе мора да се транформира во вработување на неопределно време. Сегашните 5 години да се намалат на 6 месеци – ветување од програмата на СДСМ, повторно нереализирано“, рече Јовановиќ.

ЦИВИЛ во наредните денови ќе ги објави и другите делови од излагањето на Бранимир Јовановиќ, како и излагањата на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

Семинарот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ е дел од истоимениот проект, финансиран од National Endowment for Democracy.

Биљана Јордановска
во соработка со Игор К. Илиевски
камера: Дехран Муратов
монтажа и фотографија: Биљана Јордановска

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share43TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ