• Latest

Се интензивираат активностите со Иницијативата на ЦИВИЛ „Крај за расипништвото“ за укинување на привилегиите на функционерите

August 20, 2019

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Се интензивираат активностите со Иницијативата на ЦИВИЛ „Крај за расипништвото“ за укинување на привилегиите на функционерите

Иницијативата #КрајЗаРасипништвото во нејзината онлајн верзија до сега ја потпишале над 2.500 луѓе. Ќе биде достапна за потпишување до почетокот на септември... Иницијативата #КрајЗаРасипништвото во нејзината онлајн верзија до сега ја потпишале над 2.500 луѓе. Ќе биде достапна за потпишување до почетокот на септември. По завршувањето на петицијата, ЦИВИЛ ќе ги интензивира активностите околу Иницијативата и јавно ќе побара од институциите, пред сѐ, од Собранието да преземат конкретни чекори за укинување на привилегиите што скапо ги чинат граѓанките и граѓаните. „Можеби не сме први што зборуваат на оваа тема, но ќе бидеме последни!“ - не еднаш изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, со цел да се укаже дека ЦИВИЛ не одстапува од барањата до нивното остварување.

August 20, 2019 13:40
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ја покрена Иницијативата #КрајЗаРасипништвото со барање сите привилегии на функционерите, именувани или избрани на локално и централно ниво да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една сиромашна земја која се декларира како социјална држава, според Уставот.

Иницијативата започна со соопштение на ЦИВИЛ на 14 мај, за потоа, организацијата, во присуство на голем број медиуми, да достави барања до парламентот на 17 мај, во пет минути до 12 часот. Неколку политичари, меѓу кои и Претседателот Стево Пендаровски, ја дадоа својата поддршка веднаш и во деновите по почетокот на иницијативата.

Исто така, ЦИВИЛ организираше и трибина „Крај за расипништвото“ на 5 јуни каде заинтересираните граѓанки и граѓани имаа можност подетално да се запознаат со барањата на ЦИВИЛ кои се однесуваат на намалување и укинување на привилегиите на јавните функционери.

Иницијативата #КрајЗаРасипништвото во нејзината онлајн верзија до сега ја потпишале над 2.500 луѓе. Ќе биде достапна за потпишување до почетокот на септември. По завршувањето на петицијата, ЦИВИЛ ќе ги интензивира активностите околу Иницијативата и јавно ќе побара од институциите, пред сѐ, од Собранието да преземат конкретни чекори за укинување на привилегиите што скапо ги чинат граѓанките и граѓаните. „Можеби не сме први што зборуваат на оваа тема, но ќе бидеме последни!“ – не еднаш изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, со цел да се укаже дека ЦИВИЛ не одстапува од барањата до нивното остварување.

Што бара ЦИВИЛ и потписниците на петицијата #Крај за расипништовото?

Бараме:

  • Укинување на апанажите на било кое ниво, за било која позиција.
  • Укинување на доживотните пензии за поранешните претседатели, до моментот кога тие исполнуваат услови за пензија, соодветно на примањата што ги имале во текот на работниот век.
  • Укинување на парични и други надоместоци за сите управни одбори, односно позицијата во тие и слични тела треба да биде почесна, а не платена.
  • Укинување или спојување на државните агенции, со намалување на бројот на вработени. Бараме укинување на сите привилегии што се поврзани со користење службени возила, репрезентации, обезбедување на функционерите и други прескапи привилегии.
  • Драстично намалување на патните трошоци на функционерите, поточно, обезбедување средства во висина на цената за јавен превоз.
  • Да се воспостави пракса на забрана за набавка на службени возила од средна и висока класа.
  • Укинување на дискреционите овластувања на функционерите.

Ова се дел од барањата што ЦИВИЛ ги достави и до пратениците во Собранието, но и ги презентираше пред јавноста.

„Споделете ја оваа Иницијатива со своите пријателки и пријатели, разговарајте и коментирајте. Придонесот на секој поединец е од непроценлива вредност. ЦИВИЛ ви благодари за поддршката!“ е пораката што ЦИВИЛ ја упати до своите поддржувачи на Фејсбук и на Твитер.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 


Петиција до Собранието: Крај за расипништвото

 

ЦИВИЛ го обновува повикот за поддршка на Иницијативата „Крај за расипништвото“ за укинување или драстично намалување на привилегиите на функционерите

Share109TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ