• Latest
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026 11:49
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Украина денес, 24 август, ја одбележува 35-годишнината од обновувањето на својата независност. По тој повод, во Собранието на Република Северна Македонија се одржува посебна сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа. На настанот, посветен на Денот на независноста на Украина, се обрати амбасадорката на Украина во Северна Македонија,  Н. Е. Лариса Дир, која упати благодарност до македонските институции и парламентот за поддршката, но и порака дека одбраната на Украина денес е неразделно поврзана со безбедноста и стабилноста на Европа.

Амбасадорката посочи дека независноста и слободата отсекогаш биле темелни вредности за украинскиот народ и дека денес Украина ја брани својата државност соочена со целосна руска вооружена агресија.

„Денес независноста на Украина е гаранција за слободниот развој на државата и на Европа“, истакна таа, предупредувајќи дека руската агресија има за цел не само политички и економски да ја потчини Украина, туку и да ја подели Европа на сфери на влијание.

Кримската платформа – важен формат на меѓународна поддршка

Амбасадорката изрази особена благодарност за формирањето на Меѓупартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа во македонското Собрание, нагласувајќи дека Украина високо го цени активното учество на Северна Македонија во сите формати на платформата.

Кримската платформа е меѓународен консултативно-координативен формат инициран од Украина, чија цел е зајакнување на меѓународниот одговор на руската окупација на Крим, зголемување на притисокот врз Кремљ, спречување на кршењето на човековите права и заштита на жртвите на окупацискиот режим.

Амбасадорката Дир најави дека Шестиот самит на Меѓународната Кримска платформа е планиран во септември во Њујорк, во рамките на сегментот на високо ниво на 81. сесија на Генералното собрание на ОН, додека Петтиот парламентарен самит на Кримската платформа ќе се одржи во декември во Лондон.

Од македонската страна, Украина очекува продолжување на активното учество и на двата настани.

„Украина има сила и дух за отпор, но потребна ѝ е помош“

Една од централните пораки во обраќањето беше потребата од дополнително зајакнување на украинската противвоздушна одбрана.

„Имаме сила и дух за отпор, но исто така ни е потребна помош – потребни ни се ракети за системите „Патриот“, бидејќи рф речиси секојдневно изведува комбинирани напади – со голем број балистички и крстосувачки ракети и дронови“, рече Дир.

Таа нагласи дека украинската ПВО не ги штити само украинските градови и цивили, туку претставува и „стратешка инвестиција во европската безбедност“.

Во тој контекст, Дир ја истакна благодарноста до Северна Македонија за учеството во програмата PURL, како и во Коалицијата на волонтерите, нагласувајќи дека поддршката за Украина е истовремено придонес кон зајакнувањето на европската безбедност.

437 цивили загинати во Украина само во јули

Особено тежок дел од обраќањето беа податоците за цивилните жртви.

Повикајќи се на податоците на Мониторинг-мисијата на ОН за човекови права, амбасадорката истакна дека јули 2026 година бил еден од најкрвавите месеци за цивилното население во Украина од почетокот на целосната инвазија.

Само во текот на еден месец, според презентираните податоци, најмалку 437 цивили биле убиени, а 2.610 биле повредени во руските напади.

Ракетите со долг дострел и беспилотните летала биле главна причина за цивилните жртви во јули, со 183 загинати и 967 повредени. Најголемиот дел од жртвите биле регистрирани далеку од фронтот, во големите украински градови.

„Тоа значи дека за милиони Украинци војната не завршува на стотици километри од фронтот“, порача амбасадорката.

Санкциите и борбата против хибридните закани

Во говорот беше упатен и повик за дополнително зајакнување на санкциите против Русија, особено кон физички и правни субјекти, мрежи за набавка и финансиски институции кои ѝ овозможуваат на Русија да доаѓа до критични компоненти за производство на оружје.

Амбасадорката предупреди и на руското хибридно влијание во Европа – мешањето во избори и внатрешни работи, ширењето дезинформации и обидите за дестабилизација на демократските општества.

Според неа, овие ризици бараат решителна политика против руската пропаганда, манипулации и хибридни влијанија.

„Поддршката за Украина е придонес кон европската безбедност“

Во завршницата, Дир изрази благодарност до претседателот на Собранието Африм Гаши, потпретседателот Антонио Милошоски, пратениците и сите присутни за можноста одбележувањето на Денот на независноста на Украина да се одржи во Собранието.

Пораката од обраќањето беше јасна: Украина не ја брани само својата територија и независност, туку и принципот дека суверените држави имаат право слободно да го определуваат својот пат, без агресија и без поделба на Европа на сфери на влијание.

„Веруваме дека поддршката и помошта од партнерите, како и нашата способност да ја обновиме безбедносната архитектура во Европа, ќе обезбедат и мир, и безбедност“, порача амбасадорката.

Б. Ј.


Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ