„Конкретно за Рустеми со Николовски не разговаравме, меѓутоа разговаравме принципелно“, изјави претседателката на Државна комисија за корупција, Билјана Ивановска, одговорајќи на новинарско прашање за ставот на ДКСК за поставувањето на Ејуп Рустеми, досегашниот директор на АД Македонски пошти ќе биде прв човек на ЈП Државни патишта на местото на Зоран Китанов.
„Треба за сите директори да се распишат конкурси и да се изберат компетентни личности кои што ќе можат со својата стручност, принципиелност и исполнителност да придонесат за успешно водење на тие институции. И ова однапред кажување, распределување на овој директор ќе биде ваму или таму е сè контра продуктивно. Треба да се остави простор за конкуренција на професионалци што ќе учествуваат на тие јавни огласи и ќе можат со подобра идеја, со подобар план за работа да го добијат тоа директорско место“, вели Ивановска.
Б. Јордановска
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети