Categories

ГЛАСАЊЕ Избирачки места во Тетово без услови за гласање

Во трите избирачки места  1974, 1975 и 1976, сместени во општинската зграда на Општина Тетово  гласањето се одвива во премногу тесни простории. Иако членовите на изборните одбори се обиделле да обезбедат дискреција при гласањето, сепак просториите се претесни и како последица параваните за гласање се многу блиску до членовите на изборните одбори. Во непосредна близина се и гласачките кутии. Најтесна е просторијата на ИМ 1974 , не поголема од 4 метри квадратни, а и другите две ИМ се малку поголеми, но недоволно за удобност на членовите на одборите, како и за гласачите.

Во трите места нема простор ниту за сите набљудувачи. На овие три места излезеноста до 14:45 беше околу 20%. Претседателите на трите ИМ имформираа дека нема проблеми, освен граѓани и граѓанки кои тешко се нашле на Избирачките списоци.

А. Заќири

Print Friendly, PDF & Email