• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косовската ЦИК се уште ги пребројува резултатите од изборите; ЕУ бара начин дијалогот меѓу Косово и Србија да профункционира; Протести во поддршка на Велиај

February 14, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025
Меѓународна конференција Одбрана на демократијата - Воведен панел „Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност: Лекции и следни чекори“(Фото ЦИИВЛ)

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косовската ЦИК се уште ги пребројува резултатите од изборите; ЕУ бара начин дијалогот меѓу Косово и Србија да профункционира; Протести во поддршка на Велиај

February 14, 2025 12:36
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Централната изборна комисија на Косово повторно појасни зошто не се прикажани првичните резултати од 100 отсто од избирачките места. Необработени останаа само податоците од 7 избирачки места. Тоа ќе се направи откако ќе се отворат на пребројување кутиите во кои се објавени формуларите за резултати на политичките субјекти“, велат од ЦИК на Косово, пренесуваат косовските медиуми.

Во Албанија денеска се одржуваат протести за поддршка на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој е во притвор во Драч по обвинение на СПАК за злоупотреба на службената положба и перење пари.

Во продолжение се поместени сите содржини од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Телеграфи: ЦИК повторно појаснува зошто не се покажани 100 отсто од првичните резултати

Централната изборна комисија на Косово повторно појасни зошто не се прикажани првичните резултати од 100 отсто од избирачките места.

Според ЦИК, тоа ќе биде направено откако ќе се отворат за пребројување гласачките кутии во кои се наоѓаат формуларите за резултати од политичките субјекти, пренесе Телеграфи.

„Во електронската платформа на првичните резултати ажурирани се податоците за 99,72 отсто или 2.526 избирачки места од 2.533 избирачки места. Значи, необработени останаа само податоците од 7 избирачки места. Тоа ќе се направи откако ќе се отворат на пребројување кутиите во кои се објавени формуларите за резултати на политичките субјекти“, велат од ЦИК.

ДВ- Каја Калас: Да го направиме функционален дијалогот Косово-Србија

Шефицата на дипломатијата на Европската унија, Каја Калас, во Брисел изјави дека ќе ја испита можноста заедно со новиот пратеник за дијалогот Косово-Србија, Петер Соренсен, дијалогот меѓу двете соседни земји да биде функционален.

„Само што назначивме специјален претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина и ќе седнам со него во март да видиме како ќе продолжиме со ова и навистина сакам да видам како можеме да го направиме ова функционално. За ова се обратив и со министерот за надворешни работи на Србија и тој ми кажа дека навистина е подготвен да инвестира време во нормализацијата“, рече Каја Калас, пренесе Дојче Веле на албански јазик.

АЛБАНИЈА

Перископи: Велиај е ставен на опсервација во Затворот во Драч, по 48 часа ќе се утврдат понатамошни мерки

Еден ден откако Специјалниот суд го тргна „затворскиот притвор“ како безбедносна мерка, градоначалникот на Тирана Ерион Велиај, во четвртокот наутро пристигна во притворските ќелии во Драч.

Велиај се уште е во фаза на набљудување и се уште не се преселил во редовна просторија.

Според внатрешните правила на институцијата, тој првично бил сместен сам, како дел од стандардната процедура за проценка на неговата состојба, пренесе Перископи.

Во овој период тој не смеел да се сретне со никого, освен со неговиот адвокат и тоа само со посебна дозвола од обвинителството.

Набљудувањето кое трае 48 часа служи за утврдување на натамошните услови за неговиот престој во установата.

Топ Чанел -Протести за поддршка за Велиај, СПАК и ЃККО со писмо до Државната полиција и МВР: Да се ​​преземат мерки, нарушен животите на судиите

СПАК и ЃЈКО испратија писмо до Државната полиција и МВР во врска со протестот организиран за поддршка на градоначалникот Ерион Велиај.

Од СПАК и ЃЈКО бараат објаснување зошто не се преземени мерки од институциите, нагласувајќи дека „Оваа институционална апатија несомнено е сериозно нарушување на независноста на судството“.

„Во исполнување на основните принципи на владеењето на правото и во согласност со уставните принципи на независноста на судската власт, органите на правдата мора да бидат апсолутно заштитени од секаков вид на напад или надворешно влијание.

Почитувањето на независноста на правосудниот систем е од суштинско значење за правилно функционирање на демократијата и за гарантирање фер правен процес за сите граѓани. Секој обид за влијание или поткопување на работата на органите на правдата е во спротивност со духот и Уставот на Република Албанија и со меѓународните обврски што нашата земја ги има преземено во рамките на владеењето на правото.“, се наведува меѓу другото во исцрпното писмо до Државната полиција, пренесе Топ Чанел.

КОЛУМНА

Панорама: Тиранијата на политиката со демократски кожув

„Начинот на соочување со  едно големо прашање ја покажува зрелоста на едно општество и фазата на неговата политичка класа.

Албанската политика не разочара во тоа што и го припишуваме: Хаос. Вистинската дебата во последните неколку часа со апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, каде што требаше да се занимава со преземање одговорност или задржување став за планината обвинувања против него, се претвори во арена на меѓусебни навреди и обвинувања меѓу СП и ДП. Но, зошто недостасува храброст за вистината?!“, пишува авторот Бен Андони во колумната „Тиранијата на политиката со демократски кожув“, објавена во албанскиот дневник Панорама.

Подготви: Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ