ЗОРАН ИВАНОВ
Да им се чуди човек на медиумите и на нивните уредниците што предизборно толку навивачки инвестираат во актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој премиер ќе биде никогаш и тоа, кажано просто и во оваа една реченица, поради една многу едноставна причина според која човекот досега воопшто не понудил ниту европска ниту било каква друга визија за државата освен премиерскиот сон за себе што јасно и по стоти пат се покажа и од содржината на неговото новогодишно обраќање во кое повикува на обединување без притоа, како и мал милион пати досега во своите јавни настапи, да каже, да посочи, да појасни, де дефинира околу што тоа да се обединиме, околу ЕУ како единствена македонска развојна перспектива или само околу него и неговата премиерска амбиција што еве, како новогодишен партиски подарок во вид на блокада и овој пат тој и неговите ѝ го приредија на Македонија па, оттука, во отсуство на негова постизборна визија за европските интеграции, осамнува фактот дека една политичка амбиција, една лична партиска кариера надвиснува над итната и безалтернативна потреба за европска развојна кооперација на државава, ситуација што на мајските избори како товар ќе падне врз граѓаните гласачи како избор за обединување за него или избор за обединување за ЕУ.