• Latest
Изборен рапорт, во живо, со Џабир Дерала, во прес студиото на ЦИВИЛ (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

ИЗБОРЕН РАПОРТ #13: Црна кампања на политичкото мени, ромска „јавна соба“, важни информации и најави за мониторингот на ЦИВИЛ

October 11, 2021

24 ЧАСА: ОН алармираат за зачестени напади врз новинари и говор на омраза во Северна Македонија; Власта бара поддршка за ребалансот на Буџетот, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната контрола; Русија продолжува со егзекуции на заробеници

July 2, 2025
Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

July 2, 2025

Јанкуловски побара поддршка од пратениците за ребалансот на Буџетот, за Битиќи Владата скицира нереална економска слика

July 2, 2025

ВЛЕН со кривична пријава против раководството на ДЗС одговорно за пописот во 2021

July 2, 2025
Легенда:
Александар Вучиќ, Сергеј Лавров (фото извор: фотографии од Wikipedia)

Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

July 2, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Вечерва ќе си каснам малку од идентитетот, ако останало

July 2, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ за изјавата на Кос: Очекувавме еврокомесарката да истакне дека македонскиот јазик и идентитет се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ

July 2, 2025
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Дурмиши најави ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

July 2, 2025
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ИЗБОРЕН РАПОРТ #13: Црна кампања на политичкото мени, ромска „јавна соба“, важни информации и најави за мониторингот на ЦИВИЛ

Независните кандидат(к)и со сериозни поплаки за медиумската застапеност, 10 „оброци“ на изборното политичко „мени“, ЦИВИЛ со презентација на предизборен извештај в петок, на 15 октомври, важни најави за набљудувачите и други важни информации во 13. издание на Изборен рапорт

October 11, 2021 15:35
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Изборен рапорт, во живо, со Џабир Дерала, во прес студиото на ЦИВИЛ (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Изборен рапорт, во живо, со Џабир Дерала, во прес студиото на ЦИВИЛ (фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Во живо од прес студиото на ЦИВИЛ, 11 октомври 2021, 12:40 часот

Честит 11 Октомври, Ден на народното востание! Да се надеваме дека ќе имаме ден во кој политичките партии, онака празнично, ќе покажат малку повеќе почит едни кон други.

ИЗВАДОК ОД ИЗБОРНИОТ РОКОВНИК

Изминаа две недели од изборната кампања. До изборите имаме уште шест дена кампања.

Изборниот молк започнува на 16 октомври (сабота) на полноќ. Првиот круг од локалните избори ќе се одржи в недела на 17 октомври. На 16 октомври гласат лицата во притвор и на издржување казна затвор, болните и немоќните и лицата болни од КОВИД-19 или во самоизолација.

На 9 октомври (сабота) на полноќ заврши рокот за пријавување за гласање на болните и немоќните, а рокот за лицата со КОВИД -19 или во самоизолација трае до вечерва (11 октомври) на полноќ.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

ПРЕДИЗБОРЕН ИЗВЕШТАЈ ЦИВИЛ ќе го презентира Извештајот од долгорочниот изборен мониторинг и препораките на организацијата на 15 октомври (петок), во живо, со почеток во 12:30 часот на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на организацијата.

ОБУКИ Голем дел од предвидените набљудувачи на ЦИВИЛ поминаа низ интензивна викенд обука за време на викендот 9 и 10 октомври.

Преостанатите набљудувачи ќе имаат онлајн обука в среда, во 17 часот на платформата Зум. ЦИВИЛ ги повикува сите набљудувачи да бидат на располагање и редовно да ја проверуваат својата електронска пошта за нови материјали и насоки за мониторингот на 17 октомври.

СОРАБОТКА И РАБОТЕН АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].

СУМИРАЊЕ НА ПРВИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ОД ИЗБОРНАТА КАМПАЊА

Во изминатите две недели, мониторинг тимовите на ЦИВИЛ бележат претежно мирна кампања, но исполнета со многу случаи на црна пропаганда, дезинформации и говор на омразата од која не се воздржуваат ни партиските лидери и високите партиски функционери на одредени политички партии, актуелни и поранешни пратенички и пратеници.

Повторно, како и во времето на режимот кога поранешниот премиер се закануваше дека ќе крева на клоци „разни хојтевци и катици“, така и сега одредени политичари се закануваат со насилство и апсења. Тоа, впрочем, не е новост во јавната комуникација на одредени политички ентитети.

ИЗБОРНО ПОЛИТИЧКО МЕНИ  

Освен редовните активности на политичките партии и независните кандидат(к)и, на изборното политичко мени се наоѓаат и следните оброци:

  1. Црна пропаганда, дезинформации и говор на омразата

  2. Злоупотреба на деца во политичка кампања

  3. Злоупотреба на службената положба за изборни цели, со притисок врз вработените во една образовна институција

  4. Злоупотреба на службените простории за изборни цели

  5. Политизација на дел од граѓанските организации

  6. Кршење на препораките и протоколите за заштита од КОВИД-19

  7. Одбивање дебата во јавноста

  8. Случај на дискриминација во застапеност во медиумите

  9. Насилни инциденти: уништување рекламен материјал и тепачка во Градско, пукање пред изборниот штаб на ДУИ во Чаир, експлозија на бомба во дворот на кандидат за советничка листа во Шуто Оризари.

  10. Црна пропаганда, родова дискриминација и груба повреда на приватноста во случајот со Фејсбук страница во поддршка на кандидат на Левица.

ИЗБОРНА БОРБА НА „ЖИВОТ И СМРТ“

Уште од самиот старт, ЦИВИЛ констатира дека изборната кампања е извонредно динамична, со жестоко темпо за сите учесници во изборната трка.

Во изборната кампања се вклучени сите ресурси на политичките партии, почнувајќи од општинските партиски комитети до лидерите и високите функционери на политичките партии.

Очигледно е и тоа дека локалните избори повторно добија карактер како да се води борба на живот и смрт.

Во анализите на ЦИВИЛ се истакнува констатацијата дека во изборниот процес доминираат национални теми иако се работи за локални избори. Лидерите и високите функционери на политичките партии доминираат во кампањата, иако не се кандидати во изборната трка за локална власт.

ЗАБЕЛЕШКИ ОД НЕЗАВИСНИТЕ КАНДИДАТИ

Дел од независните кандидати, во комуникација со Цивил, изнесоа бројни забелешки за нивната положба во изборниот процес. Денеска ќе цитираме само три од повеќето забелешки упатени досега.

1) Независните кандидати на локалните избори немаат простор за маркетинг и дебата во медиумите.

2) Не постојат можности за користење билборди на ударни места во општините. Во таа привилегија уживаат само големите политички партии

3) Независните кандидати сметаат дека се маргинализирани во однос на дефинирање на бројот кој се заокружува на гласачкото ливче.

Цивил овие состојби ги бележи со години наназад и дел од препораките што досега се упатени до институциите и политичките партии се однесуваат на барањата да им се даде повеќе простор и фер можности на помалите политички партии и независните учесници во изборните процеси.

РОМСКА „ЈАВНА СОБА“ НА ФЕЈСБУК

ЦИВИЛ со голема вознемиреност ја проследи појавата на т.н. „ромска јавна соба“.

На 21 август 2021 година, на социјалната мрежа Фејсбук се појави фан страна која има над 1.600 следбеници, на која се објавуваат компромитирачки и експлицитни приватни фотографии и видеа од девојки.

На Фејсбук страницата исто така е објавен и повик за собирање на експлицитни фотографии и видеа од жени и девојки за нивно објавување и, како што е наведено во објавата, „јавно прикажување на нечесните жени“. Исто така, администраторот на страницата во неколку објави ги прашува следбениците: „Сакате ли да го видите видеото без цензура на …“

На истата Фејсбук страница се споделуваат и политички содржини, односно поддршка за кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Тефик Махмут од Левица, додека за неговите противкандидати има црна кампања и говор на омраза…

ЈАВНА ОСУДА

ЦИВИЛ остро го осудува овој грозоморен чин на злоупотреба и повреда на приватноста, предизвикувањето на омраза по родова основа, како и црната кампања и говорот на омразата на политички основи на споменатата Фејсбук страница.

Во петокот (08.10.2021), ЦИВИЛ ја пријави Фејсбук страница во Министерството за внатрешни работи, Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика и Основното јавно обвинителство за итно да преземат мерки, односно да ја изгаснат оваа страница и да ги откријат администраторите на страницата, и соодветно да ги санкционираат.

До почетокот на денешното издание на „Изборен рапорт“ (12:40 часот), Фејсбук страницата е сè уште онлајн.

ФИНГЕРПРИНТ АПАРАТИ, ГАРАНЦИИ И ОДГОВОРНОСТ

Во сабота на 9 октомври во ДИК пристигна и последната пратка од 1.300  апарати за отпечатоци од прсти. Вкупниот број на апаратите е 4.000 кои на денот на изборите, 17 октомври, а ќе бидат распоредени на 3.480 гласачки места. Биометриската опрема за гласање ќе се примени за прв пат на овие локални избори.

Претседателот на ДИК на 4 октомври изјави дека локалните избори ќе бидат добро организирани, но дека не може да гарантира како ќе се одвива техничкиот дел со примена на терминалите за идентификација бидејќи тоа се случува првпат и немало пилот примена.

Нема гаранции, но одговорни секако има или би требало да има.

Нека ни е со среќа на сите.

Џабир Дерала, во соработка со Мониторинг тимот на ЦИВИЛ
Камера: Игор Чадиноски
Реализација: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ