• Latest

Избори 2016: Дијаспора, набљудувачи, кредибилност…

December 8, 2016

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Избори 2016: Дијаспора, набљудувачи, кредибилност…

December 8, 2016 11:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со вчерашното гласање на членовите на избирачките одбори кои в недела ќе го спроведуваат гласањето во 46 дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Македонија во Европа, Австралија и Северна Америка, започнаа предвремените парламентарни Избори 2016.

Вчера во Државната изборна комисија – право на глас имаа 325 членови на избирачките одбори во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии. Државната изборна комисија не излезе со официјални податоци за тоа колку ќе чини гласањето во дијаспората, зашто сé уште не биле пресметани сите авионски билети и дневниците на членовите на избирачките одбори кои треба да го спроведат гласањето во ДКП, како и цените за багажот (избирачките материјали), но секако ќе се работи за милионска сума изразена во евра.

На посебниот Избирачки список се запишани се 230.122 лица кои се смета дека се на привремена работа во странство, но за гласање во дијаспората се регистрирани 20.573 граѓани, најмногу во Берн – 4.256, Венеција – 2.724, Детроит – 1.170, Њујорк – 1.168 и во Мелбурн -1.112.

Покрај дијаспората, во сабота на 10-ти декември ќе гласаат внатрешно раселените лица, осудениците, војската, болни и немоќни лица.

Изборите во недела ќе ги следат домашни набљудувачи (300 набљудувачи од ЦИВИЛ-Центар за слобода) и меѓународни набљудувачи, од кои се најбројни оние од ОБСЕ/ОДИХР, која има акредитирано 280 набљудувачи и 230 преведувачи.

Од утре до 12-ти декември, во посета на Македонија ќе биде и седумнаесетчлена делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа, за да го набљудува спроведувањето на предвремените парламентарни избори, заедно со набљудувачи од Парламентарното собрание на ОБСЕ, од Европскиот парламент и од Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР). Членовите на делегацијата на чие чело е членот на ПССЕ од Австрија Штефан Шенах, ќе се сретнат со лидери и претставници на политичките партии, со претседателот на ДИК и со Специјалната обвинителка, со претставници на меѓународни организации, на граѓанското општество и на медиумите.

По исчезнувањето на дел од печатите, ДИК донесе одлука со која се ставени вон употреба печатите за избирачките места за гласање во Република Македонија и во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство, кои се користеле за време на претходните изборни циклуси.

За обезбедување кредибилност на изборниот процес воведени се и фотографии на граѓаните со право на глас во Избирачкиот список, а повторно ќе се употребува безбојниот спреј, видлив само под УВ ламба. По доаѓањето на избирачкото место, на граѓанинот најнапред му се проверува десниот палец со УВ ламба за да се види дали има траги од спреј, потоа се прави проверка на документите за лична идентификација, и тој се потпишува во изводот од Избирачкиот список. Откако член на избирачкиот одбор ќе му издаде гласачко ливче на кое на предната страна мора да му стави печат, пред да се упати кон параванот за гласање, избирачот се прска со безбоен спреј.

Право на глас има секое лице запишано во изводот од Избирачкиот список и поседува важечка лична карта или пасош.

Ако членовите на избирачкиот одбор  утврдат дека избирачот го нема во изводите од Избирачкиот список, должни се да го упатат во надлежното подрачно одделение на ДИК, за на интернет страницата https://izbirackispisok.gov.mk, да се провери дали тој е запишан во Избирачкиот список и ако е запишан, во кое избирачко место може да гласа.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ