• Latest
Фото: Скриншот

Избори Косово: Премиерот Курти се прогласи за победник, но го загуби апсолутното мнозинство

February 10, 2025
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Избори Косово: Премиерот Курти се прогласи за победник, но го загуби апсолутното мнозинство

February 10, 2025 09:01
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Партијата на шефот на владата во Косово, Албин Курти го пропушти очекуваното апсолутно мнозинство на парламентарните избори, според првичните прогнози и досега преброените гласови. Таа остана најсилната партија, но ќе мора да се потпре на коалиционен партнер, објави Дојче Веле, пренесува ЦИВИЛ Медиа.

По затворањето на гласачките места, радиодифузерот Клан Косова објави прогнози според кои партијата Самоопределување (Ветевендосје) на Курти може да очекува 38,2 отсто од гласовите. Опозициската Демократска партија би добила 22,4 отсто, а Демократската лига 20,1 отсто. Во прогнозите на другите медиуми, Самоопределување има 42,3 отсто од гласовите, Демократската партија – 21,3 отсто, Демократската лига – 20 отсто. Пребројувањето се уште не е завршено.

Албин Курти синоќа се прогласи за победник. „Победивме и ќе ја формираме следната влада“, изјави тој пред приврзаниците во Приштина кратко по полноќ.

Курти потфрли во многу работи

Според невладината организација „Демократија во акција“, другите партии и сојузи доживеале неуспех поради прагот од пет проценти за влез во парламентот. Без разлика на тоа, 20 од 120 места се резервирани за етничките малцинства: десет за Србите и уште десет за другите групи, вклучувајќи ги Бошњаците, Турците и Ромите.

Државната изборна комисија имаше сериозни проблеми со електронската обработка на податоците на денот на изборите. Таа сепак сака да го објави прелиминарниот конечен резултат.

Во стариот парламент, партијата на Курти, заедно со пратениците од етничките малцинства, имаше удобно мнозинство.  49-годишникот вети сеопфатни реформи  во судството и администрацијата кога ја презеде функцијата, но не можеше да исполни голем дел од тоа. Ако сака да продолжи да владее, веројатно ќе мора да ги здружи силите со ПДК или со ЛДК. Теоретски, би бил можен и владин сојуз без учество на партијата на Курти.

Строг курс кон српското малцинство

Курти е контроверзен, особено неговата бескомпромисна политика кон српското малцинство предизвикува тензии. Косово прогласи независност од Србија во 2008 година. Но, тоа не го признава ниту владата во Белград, ниту српското малцинство во Косово.

Косово сака да влезе во ЕУ. Но, ЕУ бара поголема автономија од Курти за  засегнатите српски региони.  ЕУ го смета Курти за главен виновник за неуспехот на договорот за нормализација на односите  меѓу Косово и Србија. Согласно на тоа, Брисел го замрзна финансирањето.

Отворени критики сега доаѓаат од САД, чија поддршка значително придонесе за независноста на Косово. Пратеникот на новиот американски претседател Доналд Трамп,  Ричард Гренел, неодамна на Х ја нарече владата на Курти „недоверлива“.  Самиот Трамп напиша: „Курти е катастрофа“.

Извор: ДВ

Tags: Албин Куртиизбори на Косово
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ