• Latest
Илустрација: Изборна хроника на ЦИВИЛ (во соработка со DeepAI)

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Интеграција наспроти изолација; Тетово-град на митинзи; контаминирана реторика; СТОП за насилството и национализмот

April 30, 2024
UK mosque set ablaze
source: Screenshot Forbes

Запалена џамија во Велика Британија со две лица внатре, полицијата истражува сомнително злосторство од омраза

October 6, 2025

Заев го демантира Мицкоски: Со лаги за бугарски куфери со пари бега од своите неуспеси

October 6, 2025

Скопје домаќин на тридневна меѓународна конференција демократија и хибридни закани

October 6, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Израел и Хамас на преговори во Египет за прекин на огнот во Газа

October 6, 2025

Втора недела изборна кампања

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Интеграција наспроти изолација; Тетово-град на митинзи; контаминирана реторика; СТОП за насилството и национализмот

April 30, 2024 16:10
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Илустрација: Изборна хроника на ЦИВИЛ (во соработка со DeepAI)

Илустрација: Изборна хроника на ЦИВИЛ (во соработка со DeepAI)

Share on FacebookShare on Twitter

Останува уште точно една недела до одржување на парламентарните избори во Република Северна Македонија, кампањата на учесниците во изборниот циклус е во полн ек, со вжештена реторика, предвидлива динамика и „непредвидливи“ акции.

Спротивставени програми, условувања за коалиции, прогрес во ветување, судири во време и простор, навреди и закани – се ова може да се најде во обраќањата на „натпреварувачите“ во овие избори.

Веќе се наѕира и агендата на одредени политички опции, чии поддржувачи почнаа да упразнуваат насилство врз граѓани.

Во продолжение е изборот на најважните случувања од кампањата за парламентарните избори што ќе се одржат на 24 април.

КАМПАЊА

СДСМ  не се откажува од патот во ЕУ

„Ви гарантирам, СДСМ заедно со вас, со граѓаните ќе ја внесе земјата и во ЕУ и од тоа нема да се откажеме. И јас, но и сите ние во СДСМ, можеби ја плаќаме цената на тешките одлуки, но тоа не смее да не одврати од идејата за прогрес и за суштински напредок на државата. Македонија мора да биде европска земја и нема друг начин како да се направат вистински и опипливи промени дома“, рече меѓу другото лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски синоќа на граѓански митинг во Неготино.

ВМРО –ДПМНЕ  подава рака за коалиција, но не безусловно

„Мора да признам и да кажам дека не сум задоволен од тоа што поединци коишто се декларираат како опозиција ги убедуваат граѓаните дека тие требало да гласаат за нив, бидејќи тие секако ќе биле во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Ние подаваме рака, но, тоа не значи дека ќе се случи безусловно и тоа треба секој еден граѓанин во Македонија да знае без разлика на етничката припадност, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски на митингот во Куманово.

ДУИ нуди интеграција наспроти изолација

„Сега имаме две филозофии, интеграција и изолација. Ние сме за мир, ние сме за стабилност, ние сме за најголема безбедност, ние сме за иднината, ние не сакаме да ја враќаме болната историја, на неа треба да се сеќаваме, но да не ни се повтори, да ја изградиме иднината. Нашата иднина е во ЕУ, нашата иднина е 0 проблеми со соседите, да работиме како што сме работеле досега, како што го решивме проблемот со Грција, и како резултат, станавме членка на НАТО, со што обезбедивме многу голема безбедност на нашето место“, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети на  собирот во општина Теарце.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

„Европски фронт“ и „ВЛЕН“ ќе одржат митинзи на ист датум и на исто место – чиј е планот и кој прв „ќе попушти“?

ДУИ – „Европски фронт“, и коалицијата „ВЛЕН“ најавија завршни митинзи на предизборната кампања за парламентарните избори, на ист ден ( 6 мај), на плоштадот „Илирија“ во Тетово, што предизвика судир помеѓу двете спротивставени коалиции.

Од ДУИ и „Европски фронт“ вчера  излегоа со соопштение, во кое се наведува дека објавувањето на датумот и местото на одржувањето на завршниот митинг на опозицијата (ВЛЕН) е ненадејно, пред два дена, откако тие една недела претходно најавувале дека и нивниот митинг ќе се одржи на истото место и на ист датум, и го карактеризираа чинот како чиста провокација.

Колку поблиску до денот на изборите, толку поконтаминирана станува политичката реторика

Од коалицијата ВЛЕН денеска реагираа на соопштението на  „Европски фронт“, нарекувајќи ги нивните најави провокативни и измамнички, бидејќи, како што велат од ВЛЕН, тие уредно упатиле барање до општина Тетово од каде на 18 април е дадена согласност за датумот (6 мај) и местото на одржување на завршниот митинг.

Политичката сцена во земјава колку повеќе се приближува до изборниот ден за нов парламентарен состав, толку повеќе се вжештува реториката на политичките експоненти.

Поаѓајќи од декларациите дека може да се формира влада и без Албанците, доколку албанските партии инсистираат на промена на Уставот со вградување на бугарското малцинство во Уставот, како дел од преговарачката рамка за почеток на преговорите со ЕУ, па се до тоа дека е прекршен принципот „победник со победник“ за владино коалиционирање.

Комити претепале две момчиња во Ченто

Двајца момци од населба Сингелиќ (Ченто) брутално претепани од група на хулигани. Напаѓачите се дел од навивачката група “Комити”, објави ПорталХ.

На Фејсбук страницата „Комити Ченто“ на 19 април 2024 (девет дена пред физичкиот напад) е објавена фотографија со неколку момчиња кои држат транспарент „Чентовци подготвени за јуриш!!!“, со дополнителен коментар „Ченто е подготвено, се чека знак за јуриш!“.

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи ги промовираат континуирано и со години. Конкретно, повод за оваа остра осуда е најновиот инцидент каде што две момчиња од населба Сингелиќ (Ченто) се брутално претепани од навивачката група „Комити”. Девет дена пред физичкиот напад, „Комити Ченто“ најавија дека „Ченто е подготвено, и се чека знак за јуриш!“.

Се поставува прашањето кој и зошто во време на изборна кампања даде „амин“ за јуриш!? Јасно е како ден дека насилството и омразата по етничка и верска линија се најефикасните и најевтините инвестиции во политичката кариера на добро познати ликови. Радикалните структури во земјава непречено и неказниво шират омраза по етнички, верски и политички основи, се наведува во соопштението на ЦИВИЛ.

Подготви: Дијана Тахири во соработка со ЦМТ 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ