• Latest
Фото : МИА

Ковачевски од Неготино: Со граѓаните ќе ја внесеме земјата и во ЕУ и од тоа нема да се откажеме

April 30, 2024

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Ковачевски од Неготино: Со граѓаните ќе ја внесеме земјата и во ЕУ и од тоа нема да се откажеме

April 30, 2024 08:17
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото : МИА

Фото : МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните ќе се сетат, кога се смени власта во градот Скопје и кога дојдоа ВМРО-ДПМНЕ исто како што дојде и во Неготино со нивните градоначалници, беше под сериозна закана да останеме без нормални услуги во општините. Го гледам овој плоштад во Неготино, целиот искршен. Што градоначалник е тоа што не може три плочки да поправи, а се фалат ќе поправале цела држава. Ова го истакна синоќа од Неготино, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на граѓански митинг.

Свесен сум, подвлече, дека нашата инклузивност и концептот на едно општество за сите, често беше злоупотребувана од одредени политички сили и структури во земјата, за лична корист.

Ковачевски потсети дека со СДСМ Македонија стана земја кандидат за членство во ЕУ.

– СДСМ заедно со граѓаните го сруши режимот на Груевски. Режим кој ја блокираше целата наша иднина. СДСМ е заслужен што Македонија стана рамноправна земја членка на НАТО, а ефектите ги чувствуваме денес. Ви гарантирам, СДСМ заедно со вас, со граѓаните ќе ја внесе земјата и во ЕУ и од тоа нема да се откажеме. И јас, но и сите ние во СДСМ, можеби ја плаќаме цената на тешките одлуки, но тоа не смее да не одврати од идејата за прогрес и за суштински напредок на државата. Македонија мора да биде европска земја и нема друг начин како да се направат вистински и опипливи промени дома, истакна Ковачевски.

Оние граѓани што избраа да не излегуваат на избори на 24 април, рече дека ги поттикнуваат да излезат сега и да го дадат својот глас за европската иднина.

– Подаваме рака на сите прогресивни и проевропски сили за идна соработка. Повикуваме на општа мобилизација на сите напредни граѓани на 8 мај. Мора да одиме напред, не смееме да дозволиме да се вратиме назад, во немири, внатрешни поделби и конфликти! Патот напред е јасен – иднина во Европската Унија, рамо до рамо со западните демократии. Овие избори, ве повикувам да гласаме за, за европска и сигурна и за подобра иднина на Македонија. Да не дозволиме да се вратиме назад во времето на 11-годишното владеење на Груевски и ДПМНЕ, порача Ковачевски.

Граѓаните кои ќе излезат на гласање на 8 мај, истакна, мора да имаат предвид дека иднината на земјата е под сериозна и опасна закана.

– Ако десничарска партија добие таква моќ, со сите државни ресурси на располагање, може да се соочиме со крај на нашата европска перспектива.Тоа ќе стави крај и на независните медиуми, додаде Ковачевски.

 

 

Tags: избориКовачевскиНеготино
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ