• Latest

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025 21:15
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Изминува шестиот ден од официјалната кампања за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, кандидатите за градоначалници денеска низ различни општини имаа средби со граѓаните, дел од нив ги презентираа програмите, други со укажувања кон не-сработеното од актуелните градоначалници, како и со собири. 

Граѓански иницијативи Шанса за Центар – Независни заедно: Жителите на капиштец живеат со бучава, отпад и несовесно однесување – нудиме конкретни решенија 

Бучавата од угостителските објекти на улицата Народен фронт, оштетувањето на јавната опрема од несовесни луѓе, движењето на скутери и електрични тротинети по пешачките патеки, мешањето на отпадот од кафеаните со комуналниот и неподносливата миризба која се шири од преполните контејнери се дел од проблемите во населбата Капиштец, за кои денеска разговаравме со многу наши сограѓани, се наведува во соопштението на  „Шанса за Центар- Независни заедно“. 

Мицкоски од Брвеница: На овие избори постојат две коалиции, едната СДС-ДУИ и Левица а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 

На денешниот народен митинг во Брвеница во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што потенцираше дека е убеден дека граѓаните во голем број ќе ја дадат довербата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и ќе гласаат за бројот 9 за да продолжи Македонија да се развива и гради. 

Касами: Тетово го затекнав во хаос, денес градот се менува, грижа за сите граѓани и нови социјални услуги во вториот мандат 

-На почетокот од мандатот, Тетово го затекнав во состојба на хаос. Не беше работено ниту за Албанците, ниту за Македонците, ниту за младите, ниту за повозрасните, ниту за било кој – беше работено само за еден тесен круг на интереси. Градот беше заглавен во долгови, со уништени улици и лоши јавни услуги, истакна Касами. 

Тој нагласи дека денес Тетово е целосно променет и станал град кој се грижи за инфраструктурата, животната средина, културата, уметноста и спортот, како и за најранливите категории граѓани. 

Богдановски: Теарце добива нов резервоар за вода, мултифункционални игралишта и подобрување на патната инфраструктура 

Томислав Богдановски, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Општина Теарце, на денешниот митинг во општина Теарце, кој е во рамки на кампањата за локалните избори, и истата се води под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, истакна дека Општина Теарце заслужува подобри услови за живот, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој додаде и дека ќе се вложува во  патишта, осветлување, училишта, спорт, култура и туризам и како што вели тој, никој нема да биде заборавен. 

Меџити: Чаир ќе добие Младински центар, дом на младински идеи и иновации 

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити и кандидатот за општински советник, Аритон Рама, денес го претставија еден од клучните приоритети на изборната програма, изградбата на Младинскиот центар, проект кој има за цел да им го овозможи на младите просторот кој им недостига за развој, креативност и иновации, се вели во соопштението од ВЛЕН. 

Кандидатот за советник, Аритон Рама, во својата изјава ги опиша деталите за просториите кои ќе ги поседува овој објект. 

Граѓанска иницијатива „Подобро за Тетово“: Информацијата дека Општината се подготвува да го даде Водоводот под концесија е голема закана 

Денес сме собрани тука за да го кренеме гласот против една закана што ја засега нашата егзистенција и секое тетовско семејство: продажбата или приватизацијата на Водоводот по изборите се вели во соопштението од прес-конференцијата на листа на избирачи од граѓанска иницијатива  „Подобро за Тетово“ предоведна од Агрон Арифи. 

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје 

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска при посетата на општина Кисела Вода ја претстави програмата за справување со загадувањето на воздухот, со посебен фокус на решавање на проблемот со затоплувањето во домаќинствата. Таа истакна дека над 50% од загадувањето и понатаму потекнува од индивидуалните домаќинства кои се греат на дрва, јаглен или други цврсти горива, се вели во соопштението од СДСМ. 

Шукова нагласи дека програмата на СДСМ предвидува серија мерки, кои се поделени на краткорочни, среднорочни и долгорочни решенија, а две од нив се особено важни за зимскиот период што следува. 

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар 

Центар мора да биде најбезбедната општина во Скопје. За жал, сликата денес е поинаква – темни и небезбедни улици, сообраќаен хаос и чувство на несигурност кое секојдневно го чувствуваат граѓаните, наведува во изјава кандидатот за градоначалник на Центар од Движењето За Наша Македонија – ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ. 

Герасимовски заедно со советниците и хигиеничарите ја чистеше дива депонија во Крњево 

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Центар Горан Герасимовски, денеска заедно со тимот на советници и хигиеничарите заеднички ја чистеа дивата депонија во населбата Крњево, се вели во соопштенето од Тимот на Герасимовски. 

Незвисниот кандидат за градоначалник на Дебар, Рамадан Имери, почна теренска изборна кампања 

Ја започнав кампањата од врата до врата, за да го испочитувам секој од вас и за да се доближиме уште повеќе еден до друг. Денес е сончев ден, велат сонцето е бериќет, ја грее душата. Верувам дека на 19 октомври сонцето ќе го огрее Дебар, за чиј развој и напредок ќе се залагам максимално, како што тоа сум го правел и до сега, во институциите кои сум ги раководел, објави Имери на Фејсбук. 

Левица со народен собир во Кичево 

Во Кичево денеска се одржа народен собир на Левица, на кој беше промовирана советничката листа и програмата за локалните избори. На настанот присуствуваа носителот на листата за советници Бојан Мишковски, генералниот секретар на партијата и кандидатка за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска, како и претседателот на Левица, Димитар Апасиев, се вели во соопштението од ПП Левица. 

Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Тетово од НАИ Реџепи 

Кандидатот за градоначалник на НАИ- АКI  Бајрам Реџепи, денеска одржа прес-конфереција. 

„Сe наоѓаме на прагот на локалните избори. Овие избори се многу важни за нас, за нашите деца, за нашите родители. Ова се избори од кои зависи нашата иднина. Сите заедно можеме да наброиме уште многу причини зошто овие избори се толку важни. Но, она што денес сакам да господелам како загриженост е многу болно. Од овде сакам да им упатам повик на неколку компании, кои сите добро ги знаеме, иако денес нема да ги спомнам по име – да размислат додека не е доцна, изјави Реџепи. 

ЗНАМ: Куманово ќе стане град-спортски центар 

Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Куманово вети инвестиции во спортските објекти, Соколана, реконструкција на спортскиот комплекс кај Домот на Армијата, спортската сала, игралишта, реконструкција на училишни спортски сали, поддршка за спортистите и рекреативците. Визијата, како што истакна на денешната прес-конференција Синиша Филиповски, кандидат за советник од редовите на ЗНАМ, е Куманово да стане вистински спортски центар. 

Д. Т. 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ