• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Внатрешната блокада боли повеќе, Правда кога ќе дојдат вистински луѓе, Пред одлука за интеграција или изолација

April 19, 2024
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Внатрешната блокада боли повеќе, Правда кога ќе дојдат вистински луѓе, Пред одлука за интеграција или изолација

April 19, 2024 14:14
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во последната недела пред претседателските избори, што ќе се одржат на 24 април(среда), кандидатите ја продолжуваат предизборната кампања.

Од несериозни ветувања, контрадикторни изјави и ставови, до тоа дека за неколку дена ќе одлучуваме дали сме за изолација или интеграција.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ

Османи: Вашиот глас не е само еднократен избор, туку инвестиција за иднината

„За неколку дена ќе одлучите дали сме за интеграција или за изолација“ рече пред кумановци кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт, Бујар Османи.

Османи кажа дека ова е одлуката што треба да ја донесете со свои раце. Но, вашиот глас не е само еднократен избор. Туку е инвестиција за иднината. Инвестиција која ќе изгради ѕид против овој одмаздољубив национализам, кој може да се постави кај нас за неколку дена.

Османи вети дека ќе се посвети на градење држава во која, како што рече, секое дете ќе може да сонува без граници. 

Гордана Силјановска: Aко Македонија не е горда, не може да биде ниту европска

„Се наближува 24-ти април, а по него и 8-ми мај, дојде моментот кога сакам да ви кажам дека токму на овие датуми ќе одлучите дали Македонија, како ТВОЈА и ГОРДА, навистина ќе биде проевропска, бидејќи ако Македонија не е горда, не може да биде ниту европска држава“ рече во Охрид кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Таа рече дека АСНОМ што ќе го славиме годинава, за неа ќе биде не антифашистичко, туку Антикоруптивно и антикриминално заседание на народното ослободување на Македонија од авторитарната власт.

Пендаровски: Повеќе боли внатрешната блокада на државата на нејзиниот пат кон ЕУ

“По 17 години со статус на земја кандидат за членство во ЕУ, сите ние, ова политичко раководство, со ваша поддршка ги отворивме преговорите, но се соочивме со две блокади, надворешната од соседна Бугарија, но и внатрешната блокада, којашто повеќе боли, од најголемата опозициска партија”, рече вечерва на предизборниот митинг во Кочани, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Во своето обраќање Пендаровски одговараше и на прашања од присутните на митингот, при што истакна дека останува на ставот дека е потребен ветинг во правосудството, но тоа да ги опфати и политичарите, неколку децении наназад.

Ванковска: Нас не’ не задоволува фотелја и позиција. Ние имаме кауза

„Посакувам да го изодиме овој пат борбено, чесно и доследно.Она што нас не’ разликува од оние што трчаат на кратки патеки е тоа што ние трчаме маратон. Нас не’ не задоволува фотелја и позиција. Ние имаме кауза“, рече пред граѓаните на Велес претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска.

Посочи дека таа практично е единствена опозиција на оваа дебата. И како што кажа, таа и Левица бараат не реформа, туку радикална промена на се’ постоечко.

Димитриевски: Ќе има правда кога на вистинско место ќе дојдат одговорни луѓе

„Ќе има правда, тогаш кога на вистинско место ќе дојдат вистински, одговорни луѓе, бидејќи овие не само што нѐ лажеа, во целост нѐ прелажаа, па дури и од сопствениот народ се откажаа, од вредностите на Крушевскиот манифест и АСНОМ и од сè што е свето за Македонија и ако им дозволиме тоа ќе продолжат да го прават“, кажа кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Тој ги критикуваше политичките опоненти, ДУИ за која рече дека повеќе од две децении само ветувала, никогаш не изградила ниту фабрики, ниту метар од коридорот 8, и „околу прст ги врти, и левите и десните.

Јакимовски: СДСМ и ВМРО ДПМНЕ водат ноевска политика

„СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ водат ноевска политика, односно главата им е ставена во песок и на заканите и уцените од Османи и Таравари никако не одговараат“  рече кандидатот за претседател од ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Тој ова го изјави како одговор на албанските партии за избор на претседател во Собранието и учество во Влада која ќе ги донесе уставните измени.

„Јас јавно ги прашувам дали ќе се одважат еднаш на овие уцени да одговорите со ваш одговор, а одговорот е дека ако има уцени за состав на Влада, ние ќе направиме широка коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и сите останати што сакаат да влезат во Влада“ рече Јакимовски.

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

Кампањата за парламентарните избори, која почна вчера, продолжува денеска со активности на партиите и коалициите за претставување на изборните програми и кандидатите за пратеници во шесте изборни единици во земјава.

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ вчера ја стартуваше парламентарната кампања  со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, а имаше и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија. Решителна и поефикасна борба против корупцијата, реформи во судството, повисоки плати и пензии, поддршка за младите, стопанството,.. најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на стартот на кампањата за парламентарните избори.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, пак, традиционално ја почнаа кампањата со митинг во Охрид.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Охрид на првиот ден од предизборната кампања за престојните парламентарни избори, порача дека партијата ќе води позитивна кампања, кампања на проекти, на надеж, и како што посочи, „кампања што ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите“.

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска ја претстави својата програма пред граѓаните на Велес. Пред присутните во салата на велешкиот театарот се обратија и претседателот на Левица и носител на листата во ИЕ1 Димитар Апасиев, како и носителот на листата во ИЕ3, Борислав Крмов, кои токму од Велес ја почнаа својата промоција и кампања за пратеници во Собранието. Пред присутните се обрати Апасиев, според кого, нема револуција без поезија. Потенцира дека кампањата за парламентарните избори не случајно ја почнуваат од неговиот роден град, „Црвениот Велес, градот на Ганчо Хаџи Панзов и многу други борци меѓу кои и Коста Солев Рацин“.

Кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски и носителите на листа од изборните единици вчера  ја презентираа програмата „Проглас за достоинствена Македонија“ на митинг на градскиот плоштад во Куманово. Носителите на листи од изборните единици посочија дека најголем проблем за државата е корупцијата и ветија нејзино искоренување.

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција вчера во Скопје одржа симулациска конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се случувало ако победат на парламентарните избори. На оваа симулациска седница, едногласно со 120 гласа беа изгласани уставните измени согласно Договорот за добрососедски односи и уставните измени со кои претседателот на државата би се избрал во Собранието со двотретинско и Бадентерово мнозинство. На оваа седница беше инаугуриран Бујар Османи за шеф на државата.

Албанската опозициска коалиција „Вреди“ вчера во Скопје ги претстави носителите во сите шест изборни единици. Претседателскиот кандидат на „Вреди“, Арбен Таравари на прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа, бидејќи на сите избори, како што рече, мнозинството гласови ги имала опозицијата.

Подготви: Назми Абдурахмани во соработка со ЦМТ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: изборна хроникапарламентарни избориПретседателски избори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ