• Latest

Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина

April 28, 2024

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина

April 28, 2024 09:57
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат средбите со граѓани и митинзи во повеќе региони од државава на која лидерите на партиите, заедно со носителите на листи, како и кандидатите за претседател, ги презентираат своите изборни програми за претстојните парламентарни и претседателски избори. Остануваат уште девет дена за кампања во која учесниците на изборите ќе можат да се претстават.

Кандидатот за претседател поддржан од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе оствари средба со жителите на село Велебрдо и со жителите на општина Маврово.

Гордана Силјановска Давкова, кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, исто така ќе биде на средби со граѓани, додека коалицијата што ја поддржува предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори пред граѓаните во Могила, Ресен, Демир Хисар и Битола.

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе оствари средби со граѓаните на Крушево, Кичево, Струга и Охрид, додека, во Штип на народен собир ќе се обрати претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе се сретне со граѓаните на Струга и Дебар, а првиот човек на Демократското движење, Изет Меџити, дел од Коалицијата „Вреди“ во рамките на изборните активности ќе даде изјава за медиумите во 12 часот во близина на „Веро“ во Чаир.

Амбасадорот на Европската унија во земјава, Дејвид Гир, вчера изјави дека првиот круг од изборите помина во генерално мирна и демократска атмосфера и изрази надеж дека така ќе биде и за време на кампањата од вториот круг од претседателските избори и за парламентарните избори.

– Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР веќе го издаде прелиминарниот извештај од Првиот круг на изборите. Изборите се одвиваа во генерално мирна и демократска атмосфера и навистина се надеваме дека во вториот круг на претседателските избори и во кампањата за парламентарните избори тие ќе се надградат во овој позитивен замаец што ќе овозможи целиот процес да заврши со позитивни пораки и со позитивно чувство, изјави евроамбасадорот, Дејвид Гир, кој вчера присуствуваше на одбележувањето на Европската недела на имунизација во Градски парк.

Двајцата претседателски кандидати вчера продолжија со средбите со граѓаните низ државава на кои зборуваа за своите заложби, ветувања, очекувања и цели.

Во рамки на кампањата пред вториот круг од претседателските избори, Пендаровски вчера имаше средба со граѓани на Охрид. Пред охриѓани тој зборуваше за концептот за кој се залага и ја побара нивната доверба за европската иднина на земјата, наспроти регресивната политика на опозицијата што, според него, ќе ја однесе земјата во изолација.

Во однос на резултатите од првиот круг, Пендаровски рече дека гласовите на кандидатите што отпаднаа се блиски со концептот за кој тој се залага. Потсети дека неговиот концепт е за Македонија во која сите се рамноправни, без намерно и вештачки продуцирани делби.

– Само изборот за бројот 1 е рецептот за успех на државата, се друго е рецепт за продолжена агонија, за враќање на режимот кога еден човек, една фамилија, една партија решаваа за судбината за 1,8 милиони луѓе, рече Пендаровски.

Претходно, Пендаровски имаше средба со граѓаните на Пештани, каде, исто така, зборуваше за настаните од 27 април и за амнестијата што ја нуди неговата противкандидатка за оние кои упаднаа во парламентот.

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, вчера беше во посета на Дебар и Ростуше, каде што изјави дека е уверена дека граѓаните ќе гласаат, како што рече, „за подобрите“.

– Ние не агитираме, не ви велиме дека мора да гласате за нас, ама знаеме за кого ќе гласате. Ќе гласате за подобрите, ќе гласате за оние кои носат промени, а не за оние кои велат дека грешеле ама сега ќе се обидат тоа што го згрешиле да го поправат, бидејќи тоа е невозможно, изјави Давкова во Дебар.

На средбата таа вети дека ќе биде претседателка за сите.

– Можеби ова е добар момент да кажам дека ќе бидам претседателка на сите, ќе се однесувам натпартиски, ќе се однесувам со почит кон граѓаните без оглед на етничката, верска или каква било друга припадност, бидејќи претседателите, а особено претседателките, треба да обединуваат, а не да разединуваат. Ќе функционирам посветено одговорно како дома, бидејќи Македонија е мојата многубројна фамилија. Само така ќе си ја вратиме гордоста, а Македонија ќе има на што да биде горда, порача таа.

На средбите што ги имаше во Ростуше искажа убеденост дека победата на 8 мај ќе биде уште поголема.

Уште девет дена кампања за парламентарни избори и за вториот круг од претседателските избори

Во повеќе региони од државава вчера со кампања за парламентарните избори продолжија и политичките партии. Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, имаше митинг во Гостивар, додека, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше во Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница и Кочани. Претседателот на Демократската унија за интеграција – ДУИ, Али Ахмети, ги продолжи средбите со граѓаните во Кичево, Крушево и Долнени, а Коалицијата „Вреди“ ја презентираше својата изборна програма во Тетово. Лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија,  Максим Димитриевски, беше во Кавадарци, а претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на народен собир во Прилеп.

Ковачевски од Гостивар порача дека СДСМ никогаш нема да се откаже од своите вредности.

– СДСМ секогаш била рамо до рамо со граѓаните и за време на сите економски, здравствени и енергетски кризи. Се согласувам дека грешките повеќе ги паметиме. Знам дека ниту на вас граѓаните не ви беше лесно во последните години. Но, ние во ниту еден момент не се откажавме од вас и успеавме да се избориме со енергетската и економската криза. Затоа вечерва барам вие да не се откажете од нас, рече Ковачевски.

Нагласи дека заедно со граѓаните успеале да го срушат режимот на ВМРО-ДПМНЕ и, како што рече, „да ја ослободиме државата од канџите на ВМРО после 11 години изолација“.

– Со ваша поддршка ја внесовме Македонија во НАТО и донесовме тешки одлуки по 30 години да почнеме преговори со ЕУ. И СДСМ е единствената политичка сила која знае како да го направи тоа. Затоа бидете сигурни дека заедно со граѓаните со гордо крената глава на 8 мај повторно ќе излеземе на избори и повторно ќе кажеме – да, ние сме тие кои сме за прогресивна, напредна европска Македонија, посочи Ковачевски.

Мицкоски во Кочани истакна дека однесувањето на СДСМ и ДУИ ја подрива европската идеја, и народот не ги идентификува со Европа.

Најавувајќи дел од програмските определби за идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, тој нагласи дека таа силно ќе се посвети и ќе работи на подобрување на неповолната демографска состојба во државата.

– Демографската слика ни е многу важна, семејството ни е многу важно затоа што сето ова што заедно со народот го правиме и ќе го правиме, ако нема дечиња кои што се раѓаат во градовите и селата, ќе нема кому да му го оставиме и чуму тогаш да го работиме, рече тој.

Дополни дека во нивната платформа предвидуваат до шест бесплатни инвитро интервенции за младите мајки, а за секоја мајка и првородено дете ќе има поврат на данокот кој што е платен на доход во рок од една година.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со граѓани во Кичево, истакна дека Европскиот фронт е долгорочен и не е за една употреба.

– Да дејствуваме до полноправно членство на земјата во ЕУ, како единствена алтернатива бидејќи немаме друг пат, додека не и кажеме ДА на Европа, нашата определба да бидеме членка на ЕУ за неколку години, како единствено решение за луѓето да не бараат подобар стандард надвор од земјата, изјави Ахмети во Кичево.

Тој се сретна и со граѓаните на Крушево и населените места Дебреше, Житоше и Борин од општина Долнени каде што посочи дека Европскиот фронт е направен за стабилност во регионот.

Коалицијата „Вреди“ во Тетово ја презентираше програмата „План 2030“. Тие ветуваат нов устав со Албанците како второ мнозинство во државата, прекугранична економска зона со Албанија и Косово, инвестиции од 500 милиони евра за инфраструктура во албанските општини и 800 евра минимална плата.

Дел од десетте точки на нивната изборна програма се и забрана за коцкање и брзи заеми, ослободување на затвореници од монтирани случаи и нивно обесштетување, слободни економски зони за печалбари и за млади, зголемување на пензии, социјална помош и субвенции, како и капитални инвестиции да достигнат до 150 евра по глава на жител.

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија,  Максим Димитриевски, во Кавадарци порача дека се роди нова политичка опција, трета опција во државата.

– Можам да ветам дека никогаш повеќе во државата нештата нема да бидат исти. Дадете поддршка на третата опција, на  Движењето ЗНАМ За наша Македонија, што ќе биде контролор на идната власт и на идната опозиција, дополнително да се зголеми улогата на граѓаните и никогаш повеќе нема да се дозволи власта да аздисува како досега, без разлика кој ќе ја составува, истакна тој.

Апасиев во Прилеп рече дека очекуваат над 80.000 гласови и двоцифрен број пратеници за да може во идниот парламент, како што рече, „да спречиме многу штетни политики“.

-Очекуваме во Изборната единица 4 да влезат минимум двајца, а може и трет пратеник. Резултатот од првиот круг, реално, беше очекуван, ако споредиме со изминатите парламентарни избори кога имавме 37.000, а сега имаме 42.000 гласови. Очекуваме над 80.000 гласови на парламентарните избори што би донело 8 до 10 пратеници. Во програмата имаме 13 поглавја кои го опфаќаат секој аспект од општественото живеење. Главната порака до граѓаните е да го заокружат бројот 5 на гласачкото ливче и да дозволат млади неподмитливи луѓе да ги застапуваат, бидејќи доста ни е од веќе видени пратеници и од веќе видено гласање за помалото зло. На тој начин ќе спречиме многу штетни политики, рече Апасиев.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ