Јавниот повик за лидерска средба на премиерот Зоран Заев доби брз одговор од ВМРО-ДПМНЕ. И додека Заев сака решенија околку Изборниот законик и можни разговори за изборниот модел, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на лидерска средба – договор за предвремени парламентарни избори.
„Во однос на лидерската средба веќе и претседателот Мицкоски се изјасни. Ние сме децидни дека како прва точка мора да бидат предвремените парламентарни избори. Во однос на денот и времето и локацијата, дополнително ќе биде анализирано во органите на партијата и ќе биде одлучено согласно агендите на претседателот и временските можности – рече Арсовски и додаде дека со денешниот настап, премиерот бега од избори“, одговори Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ одгварајќи на новинарско прашање.
Со оглед дека и власта и опозицијата не ги менуваат своите ставови останува да се види дали и како ќе се одржи лидерската средба и кои решенија или дополнителни проблеми ќе предизвика.
Темите што ги предлага власта се и новиот Закон за обвинителство и Законот за попис.
Б. Ј.