• Latest
Војо Маневски

Изборни системи и дилеми

January 13, 2021
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Изборни системи и дилеми

January 13, 2021 11:17
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува ВОЈО МАНЕВСКИ

Начинот на кој во една држава се избираат политичките претставници го одредува и степенот на нејзината внатрешна кохезија. Доколку граѓаните сметаат дека нивниот глас или учество во политичките процеси е значајно – тие се  граѓани на државата. Доколку нивното влијание е мало тогаш се поданици на владетелите.

Едноставна дефиниција која ја објаснува природата на секоја човечка заедница, без разлика дали се работи за држава , компанија или месна заедница

Триесет години се трудиме да направиме демократско општество и демократска држава, но сѐ некако сме на почетокот од процесот. Пред неколку дена се јавуваат и помалите политички партии кои досега најчесто се дел од предизборни коалиции и не се влијателни во главните процеси  на донесувањето на одлуките. Овој пат бараат да се вклучат во процесот на донесување на изборниот законик, што треба да ги постави рамките на идните локални и парламентарни избори. Имаме и конкретни барања што ги условуваат и со гласања на законите во Собранието. Несомнено е јавното мислење, дека сегашниот изборен систем дава лоши резултати и не дозволува мериторните вредности да  бидат основа на проценките за способноста на кандидатите кои треба да ги заземат претставничките или егзекутивните места во државниот систем.

За почеток да почнеме од основата дефиниција за демократијата

Демократија или соборност е општествено уредување каде што врховната моќ му е дадена на народот и се извршува непосредно преку него или преку негови избрани претставници во услови на слободен изборен систем.

Од оваа дефиниција произлегува карактеристиката што битно го одредува изборниот процес – слобода при изборот. За да се избере нешто треба да се има понуда на квалитет  на можноста за избор. Аристотел рекол – демократијата мора да води сметка да дојде до избор на АРИСТО – најдоброто, а при тоа да не створи слој на аристократија која ќе биде тоа само по потеклото без да има потенција тоа да го докаже.

Улогата на новинарите е да поттикнат јавна дебата за појавите што ги согледуваат како битни во општеството. Еве неколку размислувања на што треба да се сврти внимание при дебатирањето за новиот изборен закон.

Проблемот има два аспекти. Првиот е изнаоѓање на оптимален изборен модел на ниво на општество. Рамноправно учеството на јавноста преку медиумите, експертите, поголемите и помалите политички партии, секако е добредојдено во процесот и позитивно ќе влијае врз прифатеноста на моделот од гласачкото тело. Промените на изборниот модел задолжително треба во јавноста да се претстават како објективна реалност и потреба, а не како желба на политичките играчи за здобивање подобра почетна позиција на секои следни избори. Колку поголем консензус, толку подобро.

Другиот аспект, не помалку важен, а можеби и уште поважен, кога веќе изборниот модел ќе биде поставен, е начинот на доаѓање до кандидатските листи, т.е. внатрепартиската демократија.  Не е важно само КАКО ќе се избира, многу поважно е КОЈ ќе се избира! Како, на кој начин квалитетен кандидат да се најде на кандидатските листи, тоа е вториот суштински проблем. Едноставната забелешка за истакнатите интелектуалци – „нека оди независен“ – е само лицемерие. Без силна пропагандна машинерија и големи финансиски средства, патот до успех е многу тежок и најчесто демотивирачки за секој потенцијален независен кандидат. Опасноста од валкање на се што дотогаш направил е голема и со поразителни резултати – барем досега.

Главен проблем е тоа што, сосема ирелевантен е изборниот модел ако кај најголемите партии за кои се очекува дека ќе добијат најголем број гласови, на сите позиции на листата на кандидати се наоѓаат само лица определени според блискоста и лојалноста кон партиското раководство, според „партискиот стаж“ и слично, а најмалку според личните квалитети и способноста утре, како избрани претставници да размислуваат со сопствена глава и да донесуваат квалитетни и објективни одлуки во интерес на граѓаните, а не само во интерес на оној кој ги поставил на листата. Ако во партијата процесот на составување на кандидатските листи и процесот на истакнување на кандидати за одредени позиции е централизиран, сосема јасно е дека станува збор за лажна демократија и манипулација со гласачкото тело. Со таква поставеност на партиите, нема да има суштинска промена во начинот на функционирањето на системот. Пак ќе постои клиентелизам, лажни авторитети и доминација на медиокритетот. А мотивацијата на гласачкото тело да излезе на избори или активно да се вклучи во изборите се повеќе ќе спласнува. Ставот – „Јас би сакал да бирам, ама барем да има од кој избирам…“ се повеќе ќе добива на тежина. И би рекол, сосема оправдано.

За демократизација на партиите многу се зборува, а повеќе се глуми отколку што реално се делува. Во сите партии е ѓаволски тешко, практично невозможно да се смени лидерот, иако можеби огромен дел од поддржувачите/членовите на таа партија бараат промена. Одбранбениот механизам и мотивацијата на клиентелистичкиот апарат околу „лидерот“, потпомогнат со моќта на социјалните мрежи и виртуелната јавност, брзо ги елиминира или ги присилува да се повлечат сите, па дури и тие со најчесни и најдобри намери. Резултатот е дека токму тие кои „ја бранат партијата“ и го бранат лидерот, практично работат, во корист на сопствената штета.

Како врв на партиска демократија сега се промовира избор на претседател на партија на непосредни избори… Но, дали е?

Прво, големите партии во големите градови имаат повеќе членови отколку што имаат гласачи некои помали општини. А, за тие општини за регуларно гласање се потребни набљудувачи, следење на изборен процес, полиција… Кој ќе ја следи регуларноста на такви избори кој ќе гарантира дека нема насилство, местење, подметнување? Партијата? Не треба да се испушти од вид дека на овој начин избраните партиски претставници можеби после следни избори ќе треба да ја водат државата или општината. Ако такви избори се одржуваат кај партија на власт и кога секој член добро знае дека не изборот на лидерот, кога партијата е на власт значи потенцијално губење на власта, тогаш изборите се повеќе од формални.

Од друга страна, кај најголемата опозициска партија, од непосредни избори се бега како ѓавол од темјан.

Ова се крајно спротивни системи кои се протежираат зависно од тоа дали партијата е на власт или не. Значи, нешто не штима и во партиската демократија. А како да очекуваме демократизација на државата, кога партиите не се способни самите да создадат и одржат внатрепартиска демократија?

Кај ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време се зборува за делегати на Конгрес, кои ќе се собрале да го сменат (или поддржат)  актуелниот претседател. Кажуваат дека сега наскоро ќе имало Конгрес на кој ќе имало нови делегати, „демократски избрани“. Но, да потсетиме на значењето на зборот „делегат“. Делегат е лице на кое група на граѓани (или членови) му го делегираат сопственото право за одлучување и избирање. Тоа значи дека, доколку некој не е избран од лицата во чие име треба да одлучува, тогаш тоа лице воопшто не е делегат туку партиски апаратчик. Во пракса, кај нас сите „делегати“ си ги избираат структурите од повисоко ниво, се разбира, според подобност, а со тоа, тие НЕ СЕ ДЕЛЕГАТИ, туку поставени лица кои не претставуваат никој, па дури ни самите себе. Без демократски избори во базата нема демократски органи во централата, а демократскиот капацитет кој би требало да се пренесе на државни ниво е – НУЛА.

Делегатите од последниот Конгрес, ако се собраа и одржаа собир, ќе требаше преку суд да докажуваат дека одлуките се легитимни, затоа што Статутот актуелното раководство го промени.  А и тие судски решенија некој треба да ги спроведе. Знаејќи го демократскиот капацитет на сите партии во Македонија – судирот изгледа неизбежен. Водачите на Инцијативата меѓу кои има правници и  адвокати, многу добро го знаеја ова, но сепак се обидуваа да ловат во матно…. Како онаа келнерската – ако мине, мине!

Во еден ваков систем, лицата со сопствен интегритет и логично расудување не се пронаоѓаат и затоа сме свидетели на напуштање на партиите (или воопшто не вклучување) од страна на граѓаните кои имаат вистински потенцијал да создадат позитивни промени. Во партиите остануваат оние другите. И за жал, тие другите продолжуваат да не водат!

Она што навистина и е потребно на Македонија е промена не само на изборниот модел, тој мора задолжително да биде променет, туку и воспоставување на систем на демократско одлучување во самите партии.

Едното без другото нема да ги даде посакуваните резултати и повторно ќе имаме фиктивна, квази-демократија. Кој сака да погледа еден од можните правци каде може да не доведе оваа состојба, нека го погледне филмот Идиократија (Idiocracy). Нема некоја којзнае каква уметничка вредност, но има извонредна порака, за тие што сакаат да ја разберат.

Самиот избор на политички претставници на граѓаните е техничка работа која треба да е само последица од цел еден демократски процес на селектирање на АРИСТО меѓу нив. За тој процес треба да се грижи државата како апарат а не како владетел. Предноста или недостатоците на разните изборни модели ќе ги коментирам како продолжение на овој вовед во дебатата.

Продолжува…


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ