• Latest

Изборните процеси и потребата од имплементирање на Конвецијата за правата на лицата со попреченост

March 28, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Изборните процеси и потребата од имплементирање на Конвецијата за правата на лицата со попреченост

March 28, 2023 13:42
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Правото на рамноправно учество во изборните процеси за лицата со попреченост ги вклучи засегнатите страни во истражување на можностите и опциите за постигнување на поправедна застапеност на лицата со попреченост во изборните процеси, на тркалезна маса „ Учеството на лицата со попреченост во изборните процеси“.

Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) со овој настан се обиде да отвори дебата меѓу засегнатите страни со цел придонес не само кон подобри законски и политички решенија за лицата со попреченост, туку и кон подобро општество за сите.

Говорници на настанот беа претседателот на ДИК, Александар Даштевски, Благица Димитровска, претседателка на Инклузива и професорката Маргарита Цаци Николовска, Институт за човекови права.

Претседателката на Инклузива, Димитровска во своето обраќање направи ретроспектива на трнливиот пат за инклузија, како во изборните процеси, така и во политичкиот и општествениот живот на лицата со попреченост. Истовремено ги истакна и процесите и потребите на кои уште и во континуитет треба да се работи.

Во своето обраќање претседателот на ДИК, Даштевски даде осврт на улогата и ингеренциите на институцијата во однос на изборните права на лицата со попреченост. Даштевски се осврна на постигнатите резултати, кои, не секогаш се во надлежност на ДИК, како и на соработката со Инклузива, како и со ИФЕС.

Посочувајќи ја Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, Даштевски изјави дека за ДИК сѐ уште не постои правен основ и објективни надлежности да ги применува од оваа конвенција во изборниот процес, бидејќи истите од страна на Парламентот не се имплементирани во Изборниот законик.

Професорката Николовска за потребите на настанот, но и проектот на ИФЕС, подготви анализа „Етика и интегритет на изборен процес за лицата со попреченост“.

Според Николовска, Уставот и националните регулативи на Северна Македонија и дозволуваат да ја спроведуваат Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, со оглед дека како држава е обврзана со нејзиното ратификување.

Во својата анализа Николовска заклучува дека Законот за политички партии и Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги треба да содржат јасно дефинирани одредби што на лицата со попреченост ќе им обезбедат еднаквост, учество и недискриминација во изборните процеси,  правната регулатива за изборниот процес целосно да го почитува принципот на етичност и интегритет од КПЛП, да се најдат мехманизми преку кои ќе се соберат податоци за постоење на лица со попреченост на сите што имаат избирачко право…

На настанот учесниците ја истакнаа својата соработка и поддршка, особено ДИК ја истакна важноста на Инклузива за нивно активно работење за остварување на изборните права на лицата со попреченост.

Тркалезната маса е дел од проектот Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија на Владата на Швајцарија, имплементиран од ИФЕС. Главната цел на проектот е да ги поддржи демократските и кредибилни изборни процеси што го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција, овозможувајќи им на гласачите слободно да ги избираат своите претставници и да ги повикуваат на одговорност.

Биљана Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ