Комисијата за уставни прашања го изгласа и вториот од четирите амандмани за уставни промени предложени од Владата.
По гласањето на пратениците со 9 гласа за и 7 против на амандманот кој предвидува измена на преамбулата, председателот Талат Џафери отвори расправа и за третиот амандман.
Со оглед дека поголем дел од пратениците беа на расправа за ребалансот на буџетот на пленарна седница, Џафери ја прекина седницата на комисијата веднаш по образложението на министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Дискусијата продолжува утре, а ќе се работи и во недела, најавија од раководството на Собранието.
А. Зеќири