• Latest

Изградба и реконструкција на 700 километри патна мрежа и нови пруги

January 5, 2018
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изградба и реконструкција на 700 километри патна мрежа и нови пруги

January 5, 2018 08:12
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Анекси на договори за продoлжување на роковите за изградба на трите почнати автопатишта во Македонија, ги одбележаа активностите во патната инфраструктура изминатата година. Во новата година, пак, се најавуваат крупни капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура и гасификацијата на државата.

Министерството за транспорт и врски најави изградба и реконструкција на 700 километри патна мрежа вклучувајќи ја изградбата на експресни патишта, обнова на над 40 регионални патни правци и на автопатски делници. Предизвик во ресорот останува изградбата на железницата кон Бугарија и кон Албанија, а фокус се става на изградбата на гасоводната мрежа.

Прв проект што треба да биде завршен од планираните во патната инфраструктура е изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица . Согласно анексот на Договорот за изградба, по овој автопат треба да може да се вози по 28 февруари годинава. Иако најавуван како готов од претходната власт, по изборот на новата Влада беше официјализирано дека сепак ќе се почека за возење по тој автопат. Не биле изградени контролниот центар кај Неготино и не бил дислоциран 400 киловолтен далновод. По активностите за отстранување на пречките веќе се заокружуваат активностите, а ако се запази и новиот рок изградбата на 28-те километри нова автопатска делница ќе трае вкупно шест години. Со вложувањето од 218 милиони евра за овој автопат  ќе се заокружи со целосно автопатско решение Коридорот 10 на територијата на Македонија.

До септември следната година, пак, е најавено дека ќе заврши изградбата на автопатот Миладиновци (Скопје) – Штип во должина од 47 километри, каде вредноста на инвестицијата е 206 милиони евра. Овој автопат требаше да биде готов до мај минатата година, но изведувачот, кинески „Синохидро“, не го запази рокот, кој подоцна беше пролонгиран исто така со анекс на договор. Пролонгирањето, како што беше официјално објавено, е поради отстранување недостатоци појавени во текот на изградбата, како што се дислокација на електрични столбови, експропријација на земјиште и свлечиште.

Ресорниот министер Горан Сугарески објави дека се направени бројни пропусти во изградбата кои претходната власт ги сокрила од јавноста.  Со анексот на Договорот, покрај продолжување на рокот, македонската Влада и „Синохидро“ постигнаа договор до 15 февруари годинава да не си наплаќаат меѓусебни пенали во однос на изградбата.

Работите на терен најмногу „запнаа“ за изградба на третата нова автопатска делница Кичево-Охрид, за која новата власт објави дека, меѓу останатото, има промашување на трасата, а Специјалното јавно обвнитество поднесе обвинение за изградбата против високи функционери од претходната власт.

Заради лошо планирање и лоша изведба, според ресорното Министерство, кај земјените траси се констатирани свлечишта, лизгање на земјиштето, односно поместување на страничните делови на патот и затрупување на делницата, најмногу на потегот Кичево – Пресека, од 12. до 18. километар. Причина за ова, беше наведено, е изборот на несоодветна траса, како и тоа што не е извршено геолошко бушење на теренот. Не се направени или се направени минимални геотехнички и геомеханички испитувања на земјиштето.

Според најавата од ресорниот министер, на кинеската компанија Синохидро најверојатно ќе ѝ предложат два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид, едниот за продолжување на рокот за градба за уште околу три години, а вториот за дополнителната сума за доизградба за која сѐ уште се преговара.

Поради ниските температури активностите на терен треба да продолжат во март годинава, а досега изградбата на автопатот, во должина од 56 километри, чини над 400 милиони евра.

Застоите во изградбата на автопатите беа наведени во клучните причини за нискиот економски раст, а доцнењето со овие проекти, според реакциите на бизнис заедницата дополнително ќе се одрази врз стопанството.

Владата најавува активности и за изградба на автопатите Гостивар-Кичево, и автопатска делница-Скопје до граничен премин Блаце. За Гостивар – Кичево треба да се заврши проектната документација за првата од трите планирани фази, а за која вредноста е 90 милиони евра. Најавена е и целосно нова проектна документација за автопатот Скопје-Блаце, што ќе биде долг 13 километри, а во 2019 ќе има и тендер за изградба.

Кај експресните патишта, пак, треба да почне изградба на делницата Штип до Радовиш, Градско – Прилеп, Штип – Кочани, а планирана е изградба и на експресен пат Прилеп – Битола – граничниот премин Меџитлија. Ветена е и реконструкција и доизградба на нова лента на државниот пат од Крива Паланка до Деве Баир, граница со Бугарија. Проектната документација е изработена, почнати се преговори со Европската банка за обнова и развој.

Конкретни работи треба да се испорачат и со проектот на Владата со Светска банка за реконструкција на 12 патни правци со инвестицициска вредност од 14 милиони евра. Проектната документација треба да биде готова до март и да се распишат тендери за реконструкција на 160 километри пат. Со 86 милиони евра средства од Европска банка за обнова и развој ќе се реконструираат и рехабилитираат 26 патни правци со вкупна должина од преку 400 километри.

Во новата година треба да продолжи и изградбата на две нови и модернизација на пет наплатни станици на Коридорот 10.

Годината што измина по долго време донесе новини за железницата кон Бугарија и кон Албанија. Оптизмизам за 25-годишното ветување за поврзување на Скопје и Софија со железница донесоа Договорот за транспортна заедница, со кој беа одвоени околу 70 милиони евра, за финансирање на изградбата на втората железничка делница Белјаковце – Крива Паланка, долга 34 километри. Завршена е проектната документација, објавена е тендерска документација и, според најавата од Сугарески, кон средината на годинава  треба да почне изградбата, а би финиширала до 2021 година.

На терен се во тек активности за првата делница Куманово – Бељаковце, а за третата од Крива Паланка до границата со Бугарија се подготвува тендерската документација. Изградбата  треба да започне 2020/2021 година, а проценетата вредност е над 350 милиони евра.

За пругата кон Албанија во годината што измина со финансии од ЕУ беше завршена проектната документација. За проектот  за железница од Кичево до границата со Албанија во должина од 63 километри допрва ќе се бараат пари. За овој зафат инвестицијата би изнесувала половина милијарда евра.

Карактеристика за македонскиот железнички сектор и изминатата година беа штрајковите за плати на машиновозачите со целосни блокади на железничкиот сообраќај.

Во делот на инфраструктурата за гасификацијата, за која е почната изградба на неколку магистрални  гасоводни правци, годинава, пак, според најавите треба да бидат распишани јавни повици за изградба на гасоводна мрежа за интерконекциските врски меѓу Македонија и Грција и меѓу Македонија и Бугарија, како и поврзување на ТЕЦ Неготино со магастралниот гасовод.

извор: МИА

 


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: автопатжелезницкапитални инвестицииМинистерство за транспорт и врски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ