• Latest
Локацијата покрај реката Вардар каде што треба да се изгради пречистителната станица за отпадни води во Скопје /Фото: Мета.мк

Изградбата на пречистителната станица чека одобрение за градба, Град Скопје вели издадена е во март

April 10, 2025
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Изградбата на пречистителната станица чека одобрение за градба, Град Скопје вели издадена е во март

April 10, 2025 18:00
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ОПШТЕСТВО
Локацијата покрај реката Вардар каде што треба да се изгради пречистителната станица за отпадни води во Скопје /Фото: Мета.мк

Локацијата покрај реката Вардар каде што треба да се изгради пречистителната станица за отпадни води во Скопје /Фото: Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Стартот на изградбата на долгоочекуваната пречистителна станица за отпадни води во Скопје го чека одобрението за градба. Од Министерството за животна средина велат дека во моментов на терен изведувачот, германската ВТЕ и подизведувачот, македонскиот Жикол, ги завршуваат подготвителните работи, додека се очекува да биде изготвено одобрението за градба, за да можат да стартуваат градежните работи.

Од Министерството посочуваат дека се задоволни од динамиката на активностите врзани за пречистителната станица за отпадни води во последниот период, со оглед на тоа дека овој капитален проект беше во застој во изминатите години, заглавен во административни процедури, доцнење со дозволи, изработка на планови и други бариери.

„Во моментот на терен се работи на подготвителните работи од страна на изведувачот. Во тек на април се очекува и издавање на дозвола за градба од страна на Град Скопје, со што на терен ќе може да се започне со конкретни инфраструктурни активности во рамките на проектот“, велат од Министерството.

Од Градот Скопје, пак, велат дека одобреноето е готово и издадено уште на почетокот на март. Од таму посочуваат дека документација е дадена на лиценцирана фирма која, по налог на изведувачот ВТЕ, аплицирала и побарала такво одобрение од градските власти.

„Според постапката за одобрение за градење од Законот за градење, инвеститорот доставува барање со документација преку електронскиот систем е-одобрение, која согласно договорот се проектира и изведува согласно жолт фидик. Барањето е одговорност на изведувачите ВТЕ, односно проектанско лиценцирано правно лице го аплицира по налог на изведувачот. Одобрението за градење е издадено по доставената документација на лиценцираното правно лице на почетокот на месец март“, информираат од Градот Скопје.

Изградбата на скопската пречистителна станица треба да трае три години, а во следните две објектот ќе биде во пробна работа. Целата инвестиција изнесува 190 милиони евра, финансирани од две меѓународни банки, ЕИБ и ЕБРД и грант од 70 милиони евра од Фондот за инвестиции во Западен Балкан WBIF.

Првичниот краен рок за завршување на изградбата на овој капитален објект беше 2026 година, а тендерот за изградба беше отпочнат во летото 2020 година, но го следеа бројни застои и одолговлекувања, обвинувања, смени на директори, што предизвика и одложување на почетокот на градежните работи на терен.

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје треба да се гради во близина на населбата Трубарево, а со неа ќе се овозможи примарен и секундарен третман на отпадните води од Скопје. Објектот ќе има капацитет да ги задоволи потребите на 540.000 жители. Третираната вода ќе има врвен квалитет, со што ќе се подобри и хемискиот и бактериолошкиот квалитет на речните води на Вардар.

Во моментов, фекалиите на жителите од главниот град се испуштаат како непречистени директно во реката Вардар, а помали пречистителни станици за отпадни води се изградени во Сарај за реката Треска и во Ново Село за реката Лепенец, преку кои треба да се врши третман на отпадните води од населените места кои гравитираат околу овие реки.

извор: МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ