Фуере: Политиката на проширување воопшто не функционира, ЕУ мора итно да го промени однесувањето
„Се воодушевувам на истрајноста на македонската Влада и особено на граѓаните на кои им беа дадени многу ветувања за прифаќање на Преспанскиот договор, со перспектива дека тоа ќе ја отвори вратата за членство во ЕУ и преговори за членство, а на секој чекор бевте напуштани од ЕУ. Неуспех е на ЕУ што не го одржа ветувањето на многу флагрантен начин и мислам дека тоа покажа недостиг на разбирања во ЕУ од опасностите што и се закануваат ако продолжи со ваквата полктика,“ вели Фуере, додавајќи дека јазикот и политиката што ја користи Бугарија се империјалистички и претставуваат рецидив од 19-от век.
Заев: За четири години просечната плата е зголемена за речиси 100 евра
„Достоинството на работниците е скапоцено и затоа ја покачивме минималната плата на 15.284 денари, која до пред четири години беше 9.000 денари. Растот на минималната плата направи притисок за покачување на сите плати. Во изминатите четири години платите бележат постојан раст во сите сектори И нема да застанеме тука. Нашата цел е да го оствариме даденото ветување пред граѓаните, за минимална плата од 18.000 и просечна плата од 36.000 денари до крајот на овој мандат. Тоа и ќе го оствариме!,“ напиша премиерот Заев на Фејсбук.
Рашиди: Законот за државјанство ќе помине со европско знаме
„Тенденциите за блокада на законот за државјанство продолжуваат. За жал, оние кои го блокираат законот се повикуваат на една лоша пракса на долги дискусии. Тој закон треба да помине, има механизми и други алтернативи кои Собранието ги има на располагање за да се изгласа. Сме во процес на разгледување на опцијата законот да помине со европско знаме во брза постапка, и очекуваме владата како таков да и го предложи на Собранието набргу“ – изјави пратеникот на АА, Сурија Рашиди за „Слободен печат”.
Шекеринска: Носиме Стратегија за справување со хибридните закани
„Хибридните закани наметнаа друг тип на војување, посуптилен од класичниот, но еднакво разорен. Една лажна вест може да сруши цел еден систем или да го наруши неговиот кредибилитет до таа мера што ќе го загрози неговото функционирање. Затоа носиме Стратегија за справување со хибридните закани“ наведе на нејзиниот фејсбук-профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Ирена Крџиќ