„Убеден сум дека сме на вистинскиот пат и Западен Балкан ја има и ќе ја има нашата посебна посветеност”, изјави Германскиот државен секретар за Европа Мајкл Рот.
Тој потсети дека Германија, за да го поддржи процесот, кога не беше на високо место на агендата, го иницираше Берлинскиот процес и додаде дека целта се опипливи чекори што ќе ги почувствуваат граѓаните на Западен Балкан.
Во тој контекст, тој изрази задоволство од укинувањето на роамингот на Западен Балкан од 1 јули и дека придонесот за подобра соработка ќе го даде RYCO – Регионална канцеларија за млади, што е еден од видливите придонеси и „производи” на Берлинскиот процес и преку училишни размени.
„Хрватска е една од најголемите поддржувачи на евроинтеграциите на Република Северна Македонија. Ние сме и благодарни на Хрватска за искрената поддршка и одговорноста за мирен и просперитетен Балкан во обединета Европа. За нас не постои друга одржлива алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија“, рече претседателот на државата Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во Загреб.
„Бугарското вето е секако неоправдано и за жал националистичка злоупотреба на моќта на земја членка на ЕУ. На многу начини, тоа е дури и повеќе безобразно од грчкото вето затоа што става вето на земјата откако ја поддржуваше со години, не се спротивставуваше на претходните политики и потпиша договор за пријателство“, изјави за МИА Флориан Бибер, професор на Универзитетот во Грац Австрија и добар познавач на приликите во регионот на Западен Балкан кој ќе учествува на Првата меѓународната конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог – „Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна”, што ќе се одржи на 1 и 2 јули годинава во Охрид и Отешево во организација на МНР.